10:59 - 7 ноември, 2026

(Видео) Спектакл за 41-виот роденден на Станија: Мини фустан, шампањ и танц на маса

Станиja приреди раскошна прослава по повод својот 41-ви роденден, а дел од атмосферата сподели и на социјалните мрежи.

За оваа пригода таа избра краток бел фустан и високи потпетици, со пуштена коса, при што особено внимание привлекоа нејзините облици во ноќниот клуб.

Прославата започнала со богата трпеза, на која преовладувале суши и разни егзотични специјалитети. Во еден момент келнерите донеле скапи шишиња шампањ и светлечка табла со честитка за роденденот, што дополнително ја разгорело атмосферата.

Опкружена со пријатели, славеничката наздравувала и уживала во забавата, а кулминацијата на вечерта била кога, на звуците на песната „Калинка“, заиграла и се качила на маса. Со светлосни ефекти и чад, таа покажала како изгледа прослава што долго се памети.

Воедно, таа потврди дека ќе учествува во реалното шоу „Елита 9“, каде ќе се соочи со својот поранешен вереник Асмин Дурџиќ, како и со некогашната пријателка Маја Маринковиќ.

Таа изјави дека влегува со свои цели и дека со своето присуство ќе се открие вистината за одредени луѓе. Според нејзините објави, веќе тргнала кон Србија.

Слични објави

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.
Се вчитува....