08:51 - 13 ноември, 2026

Линдзи Вон по една година ја раскина свршувачката

Една од најдобрите скијачки на сите времиња, Линдзи Вон и ѕвездата на НХЛ П.К. Субан ја прекинаа врската и ја раскинаа свршувачката.

Двојката се запозна пред околу три години, а дека се во врска обзнанија во 2018 година. Лани во август потврдија за „Вог“ дека се свршиле.

„Во последните три години ПК и јас доживеавме неверојатни моменти заедно“, напиша Вон на Инстаграм.

твитер

„Тој е прекрасен и добар човек и некој кој многу го почитувам. Меѓутоа, по долго размислување, одлучивме да одиме напред одделно. Ние секогаш ќе останеме пријатели и неизмерно ќе се сакаме“, додала таа.

Дефанзивецот на Њу Џерси девилс, исто така, ги извести своите следбеници дека повеќе не е во врска со Вон и истакна дека тие секогаш ќе го ценат нивното заедничко време.

Вон (36) се повлече од професионалното скијање минатата година. Таа ја заврши кариерата со 82 победи на Светскиот куп, што е за 20 повеќе од следната најдобра скијачка, Анемари Мозер-Прол од Австрија, а само шведската легенда Ингемар Стенмарк има повеќе победи од неа.

Субан, по потекло од Торонто, важи за еден од најдобрите дефанзивци во НХЛ, пренесува Си-ен-ен.
Вон беше во брак со американскиот скијач Томас Вон, а исто така привлече големо внимание кога беше во врска со Тајгер Вудс.

Слични објави

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо

(Фото) „Ти недостасува внимание, мајсторе?“: Мина Костиќ жестоко му одговори на Ѓорѓе Давид откако тој го нарече Каспер дух!

Еспресо
Се вчитува....