16:04 - 16 септември, 2026

Кралицата Максима во костим за капење: Глетка која ретко се гледа! (ФОТО)

Кралскиот пар ужива во Грција на летување…

Холандската кралица Максима во друштво на сопругот – кралот Вилем – Александер, летниот одмор го поминува во Грција, на Миконос каде ужива во капењето, прошетките и пловењето со јахта.

Кралицата Максима, со потекло од Аргентина, летните денови во друштво на сопругот ги поминува на грчкиот Миконос. Кралскиот пар одмара на јахта, а 49-годишната Максима облече бикини со горен дел без прерамки. Таа уживаше во капењето, додека нејзиниот сопруг повеќе уживаше на јахтата, но џентлменски и помогна да излезе од морето.

Фото: Профимедиа

Холандскиот кралски пар се запозна во 1999, а во брак се од 2002 година и имаат три ќерки. Кралот Вилем – Александер во 2013 година седна на тронот и така стана првиот маж на холандскиот трон од 1890 година со 46 години и најмлад европски крал.

Негова страст се авионите, а благодарение на пилотката дозвола повеќе од 20 години барем два пати месечно како копилот управува со авионите на „KLM“, но во тајност бидејќи како копилот не треба да им се претставува на патниците.

Фото: Профимедиа

Авијацијата му е хоби кое, како што вели, го релаксира по кралските должности и му овозможува да се фокусира на нешто сосема поинакво. Во младоста тој многу сакал забави, а се смирил откако ја запознал својата сопруга од Аргентина, Максима.

„Се заљубив во оваа Максима што ја гледате – спонтана, интересна, добра. Никогаш не ни било лесно, нема ни да биде, но се надевам дека ќе остане личност каква што е денес“, изјави во една прилика кралот.

Фото: Профимедиа

Максима не крие дека во нејзините вени тече врела крв и за себе вели „Јас сум Латинка и тоа секогаш ќе бидам. Јас танцувам, пејам и секогаш ќе танцувам и пејам“.

Секогаш насмеаната кралица е омилена меѓу холандскиот народ, дури повеќе и од кралот.

Слични објави

(Фото) „Колку повисоко се искачувам, толку потивок станува светот“: Александра Спировска покажа која е нејзината нова страст

Еспресо

„Се чувствувам како да сум во моите дваесетти години“: Јелисавета Орашанин изгледа неверојатно, ја откри тајната на совршеното тело

Еспресо

За сите убави моменти што допрва доаѓаат – есенската колекција на свечени фустани пристигна во „Прагма“

Еспресо

Да се потсетиме на Калиопи во „Среќна Нова ’49“: „Пиши ми“ како дел од незаборавната филмска атмосфера

Т.Ц.

(Фото) „Сѐ е помалку важно од семејството“: Јована Јеремиќ отиде да ја земе ќерка си од училиште со свршеникот

Еспресо

(Видео) Тамара Тодевска со Хана и Дарен приреди изненадување на плажа – погледнете ја реакцијата на Тијана

Еспресо
Се вчитува....