17:21 - 7 ноември, 2026

Кралицата Елизабета и принцот Филип ќе бидат сами за Божиќ и нема да го прослават

Instagram

Најстарите членови на британското кралско семејство, кралицата Елизабета II (94) и нејзиниот сопруг принцот Филип (99), Божиќ за првпат од 1949-та година ќе го дочекаат сами, без никој од своите потомци и без празнична церемонија.

Тие ја донесоа таа одлука, во духот на пандемиските мерки, пренесуваат британските медиуми.

Фото: Профимедиа

Иако Британците во карантин отидоа малку порано од очекуваното, тие очекуваат за празниците да имаат покомотна ситуација и дека дружењето нема да биде забрането, но кралицата и принцот не сакаат да ризикуваат.

Последен пат кога се случила оваа раритетна ситуација, било во 1949-та година, а парот тогаш бил на патување во Малта. Елизабета тогаш го оставила едногодишниот Чарлс во Велика Британија и отпатувала на Малта со сопругот, кој тогаш и служел на морнарицата.

Фото: Инстаграм

Кралицата веќе најави и дека нема да присуствува на овогодишната Божиќна миса, но затоа ќе ужива во приватната капела во својот дворец Виндсор.

Слични објави

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо
Се вчитува....