20.8 C
Скопје
19:03 - 27 септември, 2026

Кому припадна новата вила на Харис Џиновиќ од два милиони евра: Луксуз на Дедиње

Популарната двојка, пејачот Харис Џиновиќ и модната дизајнерка Мелина Џиновиќ ја шокираа јавноста со информацијата дека се разведуваат.

Харис и Мелина се заедно 22 години. Нивните наследници, синот Кан и ќерката Џина се родени од голема љубов. Наводно меѓу нив немало повеќе романса, а децата тргнале по својот пат.

Пејачот ги откри своите размислувања за бракот:

– Романтиката денеска на многу луѓе им побегна, ми избега и мене. Не знам веќе што е романтика, некогаш бев романтичен. Таа е надвор од контрола и луѓето повеќе не ѝ се восхитуваат. Романтиката е најубавото нешто.

Да потсетиме, љубовната приказна меѓу Харис и Мелина, познатата модна дизајнерка започна во 2002 година, кога дизајнерката беше трета година на студии. Нивните емоции веднаш се разгореа, а иако не сакаат да зборуваат за приватниот живот, Харис во едно од ретките интервјуа призна дека „едноставно се нашле“.

Не така одамна, ќерката Џина јавно октри дека нејзините родители не спијат во исти соби.

Вилата на Дедиње останува на Мелина, а во неа се шпекулира дека пејачот вложил околу два милиони евра. Се градела од 2017 година, до 2021 кога парот се всели.

Оваа луксузна куќа во долниот дел има базен, но и винарска визба, која е богата со различни вина од различни делови на светот. Пејачот си изгради и музичко студио за себе. Сепак, се тоа ќе го остави на сопругата и децата.

(Фото) Ова е луксузниот дом што го напушти Харис Џиновиќ со разводот: Два милиона евра, мебел од Париз, студио…

 

Слични објави

(Фото+видео) 11 бањи, 8 спални соби, кино, базен… Ѕирнете во импозантната вила на српската тенисерка Јелена Јанковиќ вредна 13,5 милиони долари!

Еспресо

(Фото) „Блазе си ти колку добро изгледаш“: Сопругата на Дарко Лазиќ откри од што се откажува за да ја одржува формата

Еспресо

Сашко Коцев и Смиљана прославија 14 години брак – Актерот ја запроси својата сакана пред преполната Универзална сала

Еспресо

Хороскоп за 27 септември: Раковите ќе најдат сигурност во тивка поддршка, Девиците ќе средат нешта што долго им тежеле

Еспресо

„Срам да ти е, таква жена да изневеруваш!“: Повозрасна госпоѓа го пресретнала Иван Босиљчиќ на улица и го навредувала

Т.Ц.

Понекогаш најважната промена ја забележува некој друг: Даниела почна да слабее, сакаше да се откаже, а нејзината ќеркичка ја потсети зошто треба да продолжи

Еспресо
Се вчитува....