3.8 C
Скопје
08:11 - 11 март, 2026

Кој е новиот сопственик на Челзи: Тод Боли е американски милијардер, сопственик на осигурителна компанија и косопственик на бројни компании

Новиот сопственик Тод Боли е американски милијардер и освен што е еден од сопствениците на ЛА Доџерс и има сопственички удел во ЛА Лејкерс и ЛА Спаркс, управува и со холдингот Елдриџ Индустрис.

Тој во 2015 година учестувал во создавање на компанијата „Елдриџ“, а има акции во голем број медиумски компании. Исто така е сопственик на осигурителна компанија и ко-сопственик на многу други компании од спортот, технологијата и индустријата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CIP (@chelseainpidgin_)

Ерата на Роман Абрамович во фудбалскиот клуб Челзи и официјално заврши. Од лондонскиот клуб вчера официјално потврдија дека е постигнат договор со американскиот конзорциум предводен од Тод Боли, „Клирлејк Капитал“, Марк Болтер и Хансјорг Вајс.


Боли заедно со своите партнери го купи клубот во инвестиција вредна околу 4.5 милијарди евра, но се уште се чека да се случат две работи за да можат и официјално да го преземат клубот. Потребни се дозволи од Премиер лигата и од владата на Велика Британија за финализирање на договорот.

„Од вкупната направена инвестиција, 2,9 милијарди евра ќе бидат искористени за купување акции во клубот, а тој приход ќе биде депониран на замрзната банкарска сметка во Велика Британија со намера 100% да се донира во добротворни цели“, соопштија од Челзи.

Сите детали околу продажбата треба да бидат готови до крајот на мај, а се ќе треба да се случи до 31 мај за Челзи да добие дозвола да се натпреварува следната сезона. Ова ќе биде крај на 19-годишното „владеење“ на Роман Абрамович во клубот, во кои тимот освои пет трофеи во Премиер лигата, две титули европски шампиони и една титула светски првак.

 

Слични објави

Хороскоп за 11 март: Девиците да избегнуваат ризични деловни одлуки, Скорпиите ќе започнат нова врска

Еспресо

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо
Се вчитува....