16:07 - 31 март, 2026

Ким Кардашијан неколку месеци пред 40-от роденден официјално стана милијардерка

– Ким е вистинска глобална икона на модерното време, изјави Питер Харф, извршниот директор на „Coty“, кој купи 20 проценти од брендот Кардашијан.

Канје Вест (43) и честиташе на својата сопруга Ким Кардашијан (39) за тоа што таа сега официјално стана милијардерка!

Раперот објави емотивна порака упатена до Ким, откако таа се согласи на компанијата „Coty“ да и продаде 20 проценти од уделот во нејзината козметичка куќа „KKW Beauty“ за 200 милиони долари.

Со тоа производителот на Макс Фактор и Римел нејзиниот бренд го вреднуваше на милијарда долари, пишува „Sky News“.

– Толку сум горд на мојата прекрасна сопруга Ким Кардашијан Вест, на тоа што официјално стана милијардерка, започна Канје.

– Ги преживеа најлудите олуи и бури и сега Бог те наградува тебе и нашето семејство. Толку многу те сакаме!, додаде тој.

Да се потсетиме „Coty“ првично купи 51 процент од компанијата на нејзината сестра Кајли Џенер.

„Coty“ ја опиша Ким како една од најпрепознатливите светски лица со 300 милиони следбеници на нејзиниот личен профил, и на профилите на нејзиниот бренд.

– Ким е вистинска глобална икона на модерното време, изјави Питер Харф, извршниот директор.

– Партнерството со организација каква што е „Coty“ ќе биде од голема важност за унапредувањето на моите брендови, бидејќни нивниот глобален домет овозможува брзо ширење, изјави Ким по овој повод.

Слични објави

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin
Се вчитува....