8.8 C
Скопје
10:18 - 31 март, 2026

Ќе се снима ТВ серија за „Ролингстоунси“ – Бендот воодушевен даде дозвола за користење на авторските права

Биографската телевизиска серија за најголемиот рокенрол бенд во светот, „Ролинг Стоунс“ е во фаза на изработка, пишува „Hollywood Reporter“.

Проектот го развива каналот „FX“, а ќе го надгледува авторот на книгата „About A Boy“ и „High Fidelity“, славниот британски писател Ник Хорнби, како и продуцентите на серијата „Круна“.
Извршниот директор на „FX“ Џон Лендграф ја потврди веста со напомена дека мрежата напредува со развивањето на серијата.

Фото: Профимедиа

Приказната ќе го следи славниот бенд во текот на нивните први пет години работа, особено мапирајќи го периодот од почетокот на шеесетите, формирањето на бендот, првите настапи, пробивањето на светската сцена, бројните скандали со алкохолот и наркотиците, објавувањето на клучните плочи, смртта на гитаристот Брајан Џонс, а темата на серијата наводно ќе заврши со 1972-та година со објавата на албумот „Exile on Main Street“.

Бендот со задоволство им даде дозвола на продуцентите за снимање на оваа биографска приказна, со одобрение да се користи нивната музика во серијата.

Претходно оваа година, „Ролинг Стоунс“ повторно го објавија албумот „Goats Head Soup“ од 1973-та година во луксузно бокс сет пакување, кое ја вклучува и претходно необјавената соработка со Џими Пејџ, нумерата „Scarlet“, како и уште два никогаш објавени синглови „Criss Cross“ и „All The Page“.

Во април оваа година, Стоунси го објавија синглот „Living in a Ghost Town“, својот прв нов студиски материјал од 2016 година.

Слични објави

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо
Се вчитува....