14:57 - 7 ноември, 2026

ФОТО: Во Србија се гине за тартуфите, берачите стануваат жртви заради скапите печурки

Во шумата кај Купиново, Србија денеска дошло до пукање поради берењето татруфи. Како што јавуваат медиумите непознат напаѓач пукал во Никола С. (28) додека берел тартуфи.

Во него биле испукани повеќе куршуми, но во инцидентот за среќа нема повредени, објави Блиц.

Само пред неколку дена двајца браќа од Футог се убиени толкму поради берењето тартуфи кои на пазарот имаат голема цена. За нивното убиство се обвинети токму двајца браќа.

Овие скапоцени печурки годинава во Србија се продаваат и за 500 евра по килограм, а нивната цена може да биде и многу повисока, зависно од видот и квалитетот, а некои за тартуфите може да добија и помалку од 100 евра.

Секој грам има своја цена/ Фото: Thierry Breton / Panoramic / Bestimage / Profimedia

Растат само на одредени подрачја и тоа под земја, и заради тоа за нивна потрага неопходни се или свињи кои природно ги привлекува нивниот мирис, или кучиња посебно дресирани за тоа. Според одресени проценки, за кученце да се издресира за трагање по тартуфи, треба да се вложи од 500 до 1.000 евра за степен на дресура.

Во светот постојат повеќе стотини видови тартуфи од кои само десетина може да се јадат. Главно растат во шумите ширум Европа, а во последно време ги наоѓаат во Орегон, САД и во Австралија.

Во регионот, еден од најбогатите места со тартуфи е Истра. Тука се наоѓаат неверојатни 7-9 тони годишни, од кои 30 отсто се црните тартуфи, кои се чести, а 70 отсто се бере бел сезонски тартуф кој може да се најде само во периодот од септември до декември и цената на пазаорт му е многу поголема, а достигнува и до неверојатни 5.000 евра за килограм.

Слични објави

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо
Се вчитува....