2.8 C
Скопје
05:46 - 19 април, 2024

Како реагирате ПОКРАЈ САКАНАТА ЛИЧНОСТ според хороскопскиот знак

Дали некогаш сте се запрашале на што се должи вашето чудно однесување кога сте во близина на саканата личност?

Делумна одговорност за тоа носи и хороскопскиотзна. Па, затоа запознајте се себе подобро и забавувајте се.

ОВЕН

Ти си личност која нема проблем со самодовербата, а умееш и вешто да флертуваш со секој кој ти се допаѓа. Ако ја фокусираш својата енергија кон една личност, ќе имаш огромен љубовен успех.

БИК

Ти веруваш дека патот до срцето е преку стомакот, па затоа избираш ресторани или готвиш соодветно на вкусот на другата страна. Памтиш дури и најситни детали, од типот колку кечап става на пицата.

БЛИЗНАЦИ

Ти често се чувствуваш како во тебе да постојат две личности, од кои едната е незаинтересирана за една личност, а другата флертува со сосема друга. Мислиш дека така ќе го добиеш саканото внимание? Размисли пак.

РАК

Многу ти е тешко да го направиш првиот чекор, поради мирната и срамежлива природа. Но, кога еднаш ќе се опуштиш, внимавај да не претераш со фалење на себе и своите способности, како ни со врските од минатото.

ЛАВ

Твојата силна интуиција, како и детективските способности ти помогнаа веќе да знаеш сè за личноста со која излезе. Немаш храброст да пристапиш поради стравот од одбивање. Но, и тоа е дел од животот, не се плаши.

ДЕВИЦА

Умееш да глумиш недостапност и незаинтересираност, дури и кога однатре „умираш“ од желба да ѝ се нафрлиш на саканата личност. Научи се на умереност во сè, па така и на љубовно поле.

ВАГА

Сонуваш за среќна врска, па дури и ја планираш иднината. Главата ти е во облаци, а тоа е лесно видливо, дури и кога мислиш дека ќе го скриеш тоа од саканата личност или од пријателите.

СКОРПИЈА

Твоите емоции се тешки за читање, а проблем имаат дури и оние кои те познаваат цел живот. Малку поголема отвореност ќе ти донесе навистина голем успех на емотивен план.

СТРЕЛЕЦ

Ти си многу друштвена личност и никогаш немаш проблем да го направиш првиот чекор. Но, проблемот се појавува кога ќе претераш со несоодветни шеги, кои иако тебе ти се интересни, прават да изгледаш како чудак пред другите.

ЈАРЕЦ

Погрешен пристап е пријателското однесување кон лицето кое ти се допаѓа. Не се заљубуваш нагло, што е одлично, но премногу анализираш и кога ќе се одлучиш да преземеш чекор, често другата личност не е веќе тука.

ВОДОЛИЈА

Твојата интровертност предизвикува да флертуваш на чудни начини, кои може да бидат погрешно протолкувани од другата страна. Избегнувај да зборуваш за вонземјани и теории на заговор.

РИБИ

Ти секогаш мислиш дека другиот е тој што треба да го направи првиот чекор, а може да се случи и да го прогонуваш додека да те забележи. Покажи заинтересираност, нештата ќе бидат многу подобри.

Слични објави

„Црна“ низа денови: Два хороскопски знаци ќе имаат неволји во втората половина на април

еспресо

(Фото) Секси мама: Антониа Гиговска во провокативен фустан на моден настан во Хрватска

Еспресо

Саботажа: Џенан Лончаревиќ се сомнева дека жена му намерно го одовлекува разводот со врски

Еспресо

(Фото) Цеца покажа во каков луксуз го прослави првиот роденден внукот Крстан: Како во бајка

Еспресо

(Фото) Братот на Новак Ѓоковиќ и сопругата се најдоа среде бурата во Дубаи: Споделија морничави кадри

Еспресо

(Фото) Ова ли е Меган Маркл? Облечена во маица од 60 долари и речиси беш шминка

еспресо
Се вчитува....