23:03 - 29 јануари, 2026

КАКО ГО ЗАПОЗНАВ ПАРТНЕРОТ: Сара Мејс откри дека со Димитар се „фатиле“ на емисија, ама се криеле (ФОТО)

Во рубриката „Како го запознав партнерот“ – денеска ја имаме познатата пејачка Сара Мејс.

Таа со нашите читатели реши да ја сподели приказната околу тоа како се запознала со својот сегашен сопруг, водителот Димитар Атанасовски.

 

View this post on Instagram

 

❤️ #love #happiness #dayoff #marriagerocks

A post shared by Sarah Mace (@sarahmace_official) on

Искрена како и секогаш, Сара се присети на времето кога си ја пронајде својата сродна душа.

– Партнерот, односно мојот сопруг Димитар го запознав на интервју. Тогаш тој беше водител на емисијата „Тротоар“, а јас му бев гостинка. Симпатиите се појавија уште кога си подадовме рака да се запознаеме во продукцијата каде се снимаше интервјуто, но нашата врска започна две години подоцна, односно кога двајцата учествувавме во реалното  шоу – „Танц со ѕвездите“. Е, од таму започна се – се присетува Мејс.

Инаку таа и ни откри дека на почетокот од нивната врска се криеле од очите на јавноста, особено од медиумите, а кога ќе им се јавел некој новинар да праша дали има нешто помеѓу нив, двајцата негирале…

– Да, вистина беше, на почеток се договоривме со Димитар да нe откриваме дали сме заедно, бидејќи беше почеток и не знаевме дали ќе успееме. Ете, некои новинари во тоа време нè испочитуваа, а подоцна кога сфативме и двајцата дека тоа е сериозна врска, повеќе не се криевме – вели познатата пејачка, која денес заедно со Димитар се родители на малечката Илина.

 

View this post on Instagram

 

❤️ #family

A post shared by Sarah Mace (@sarahmace_official) on

Слични објави

Пејачката откри дали се слушнала со Јована Јеремиќ по скандалот во емисијата: „Таа многу ме повреди“

E.A.

Харис Џиновиќ се огласи по веста дека Мелина е свршена со богат Британец: Еве што рече…

Еспресо

(Фото) Која е ќерката на Драган Бјелогрлиќ? Во врска е со српски заводник кој го поврзуваа со 18 години постара Хрватка

Еспресо

Душица Јаковљевиќ призна: „Им реков на децата: ‘Што мислите, да станам лезбијка?’“

E.A.

(Фото) Сергеј Трифуновиќ ја покажа сопругата без шминка: Фановите воодушевени од нејзиниот природен изглед!

Еспресо

(Фото) Дали е сè во ред со бракот на Реља и Николија? Пејачот фатен на пат кон аеродромот со непозната девојка

Еспресо
Се вчитува....