00:02 - 8 ноември, 2026

„Извади пиштол и почна да пука…“: Горан Бреговиќ се присети на бизарна ситуација со Џеј Рамадановски

Музичарот Горан Бреговиќ се присети на една бизарна ситуација што ја доживеал со пејачот Џеј Рамадановски во кафеана, каде што во еден момент настанала вистинска драма.

„Џеј ми се јави и ми рече дека со екипата од Дорќол одат во една кафеана на забава и ме покани да им се придружам. Внатре атмосферата беше одлична, полна со професионални пејачи. Додека седевме и гледавме кон скалите, одеднаш влезе човек во купаќи, извади пиштол од гаќите и почна да пука – во звучниците, во клавијатурите. Сите веднаш се скрија под масите, само јас останав да седам“, раскажа Бреговиќ за „Мондо“.

Кога ситуацијата се смирила, гостите почнале да излегуваат од своите засолништа.

„Луѓето полека почнаа да се подигнуваат, а тогаш се појави еден човек со букет рози, ѝ го подаде на пејачката Мина, а друг веднаш ја запроси со прстен. Сè се претвори во неочекувана свадбена атмосфера, никој дури ни не повика полиција“, додаде Бреговиќ.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....