0.8 C
Скопје
03:56 - 10 март, 2026

Исповед на манекенка: Не ме сакаат бидејќи не сум ни преслаба, ниту „плус сајз“!

Во последните 8 години и после стотици кастинзи, добила само една работа, вели Ебони Мауде (20) од Вејкфилд во Велика Британија, која се занимава со манекенство уште од својата 12 годишна возраст.

Таа смета дека се пропагира разновидност во модниот свет, но всушност девојките со средна величина како неа, не се прифаќаат.

„Секако, кастинг директорите никогаш не ви велат: Премногу си дебела. Тие тоа секогаш го ублажуваат со: Треба да се тонираш или Би би требала да изгубиш неколку сантиметри во колковите, бидејќи големината 8 (кај нас 34) не е да имаш 94см во колковите, туку 86. Јас имам струк од 68см и едноставно не сум совршено пропорционална“, раскажала таа.

„Единствената работа која ја добив на кастинг беше навистина добра, со Адидас, а работев и со Хејли Балдвин, но тоа беше за модната писта. Ми одговара облека со големина 8, но мојот долен дел од телото е 10 (кај нас 36). Секогаш бев девојка со повеќе облини од оние кои може да ги видите на интернет“, додала таа.

Таа вели дека и е многу тешко да добие работа, бидејќи ѝ се чини дека агенциите бараат или модели со многу големи облини или преслаби, а не оние кои се наоѓаат помеѓу како таа. Исто така, се присетила и на едно непријатно искуство:

„Агентот ме прати на неколку кастинзи, а кога ги добиле фотографиите рекле дека изгледам валкано и запуштено. Тоа беше еден од најужасните коментари кои ги имам слушнато“, раскажала таа.

View this post on Instagram

u look like i need a drink

A post shared by ⚡️ EBONY MAY ⚡️ (@ebymaude) on

Манекенката вели дека никогаш не боледувала од некакво пореметување во исхраната, но знае да поминува низ фази на пониска самодоверба кога мисли дека едноставно не е доволно добра за работата со која пробува да се занимава.

Ебони била и во фазата на „теретана“ кога опседнато вежбала 6 дена неделно, наутро и навечер, а вежбала и дома. Изгубила неколку килограми, но се чувствувала нездраво, а колковите и понатака и биле заоблени, па престанала со тоа после 6 месеци.

„Мислам дека ситуацијата во светот на модата нема да стане подобра додека луѓето не сфатат дека на овој свет не постојат само плус сајз модели и оние што се преслаби, туку и оние кои се нешто помеѓу“, заклучила таа и додала дека и покрај сите проблеми во модната индустрија, одлучна е да успее во манекенството, пренел The Sun.

Слични објави

(Фото) Снаата на Цеца во бунда од природно крзно од 5.000 евра: Богдана Ражнатовиќ во Русија, не ја тргна насмевката покрај Вељко

Еспресо

(Фото) „Ми рече дека нема да доживеам 50 години“: Милиќ Вукашиновиќ се спротивставува на судбината и го слави животот, по ампутацијата на ногата

Еспресо

Познатиот пијанист ги демантираше гласините: „Не сум момче на Азис“

E.A.

Анѓелка за 8 Март доби необично изненадување: Сопругот ја однесе на печење на пазар

E.A.

Ѓорѓе Давид доживеал пекол окако објавил фотографија од болница: „Видов кои ми се вистински пријатели“

E.A.

Реакцијата на Ана Бекута на прашањето за Зорица Брунцлик предизвикува солзи во очите: Покажала кон срцето, а потоа открила што ѝ испратила

Еспресо
Се вчитува....