3.8 C
Скопје
23:49 - 20 декември, 2024

(ФОТО) „И после ТОЛКУ ГОДИНИ СО НЕГО, се чувствувам како најубавата и ЕДИНСТВЕНАТА ЖЕНА ВО СОБАТА“: Холивудски брак кој ги руши сите предрасуди!

Тие се запознаа на снимањето на филмот во 1988 година, и иако тој не беше во најмала рака „нејзин тип“, Кевин Бејкон брзо ја заведе тогаш неговата седум години помлада колешка Кира. Врската стана официјална само по неколку месеци, а на почетокот на септември оваа година тие ја прославија 30-годишнината од бракот. Кира Сеџвик и Кевин Бејкон се доказ дека вистинската љубов сè уште постои.

Фото: Принтскрин / Instagram

„Да ми кажеше некој дека на 22 години ќе го сретнам човекот со кој ќе се омажам и дека една година подоцна навистина ќе се омажам и ќе имам дете со него, ќе кажам дека е луд“.

Со овие зборови, актерката Кира Седгвик во 2008 година, во интервју за „Редбук“, се присети на своите почетоци на врската со нејзиниот сопруг, актерот Кевин Бејкон. Во тоа време, таа веројатно не ни сонувала дека денес ќе ја прослават 30-годишнината од бракот.

Фото: Принтскрин / Instagram

Нивната прва официјална средба се случила во 1988 година, додека тие го снимале нивниот прв заеднички филм „Небо од лимон“. Претходно се имале запознаено на заедничка семејна вечера што подоцна дознале дека се и роднински поврзани.

За време на снимањето, Кира никогаш не помислувала на Кевин дека ќе и биде нешто повеќе во животот од филмски парнер, а што се однесува до неговиот изглед, тој не бил „нејзин тип“.

„Се сеќавам како зјапав во неговиот задник откако се запознавме, кога тој заминуваше и размислував:„ Очигледно на некои девојки им се допаѓа тоа “. И покрај тоа, Кевин сепак успеал да ја придобие.

Набргу потоа, тие започнале врска кој ја заокружиле со брак на 4 септември 1988 година, кога таа имала 23, а тој 30 години.

„Сексот е многу важен, а страста е сè уште тука. Кога влегува во собата, тој сè уште ме остава без зборови, срцето започнува забрзано да ми чука и си мислам колку е убав“, вели Кира Седгвик.

Кира со Бејкон има снимено уште седум филмови: „Пирати “,„Убиство со умисла“,„Вудсман“ , „Патување на животот“, „Љубовник“ и „Приказна за една девојка“, во режија на Кира, а во него глуми Бејкон.

Фото: Принтскрин / Instagram

Кира објасни зошто нивниот брак, за разлика од другите холивудски бракови, е успешен, велејќи дека тие си ветиле дека ќе бидат заедно, без оглед на тоа какви проблеми би наишле во животот, а од друга страна, кога нивните деца биле сеуште млади, тие посветувале големо внимание на нивното четиричлено семејство, но и на самиот брак кој секогаш им бил приоритет. Секогаш наоѓале време за романтични состаноци во кои максимално се посветувале еден на друг.

„Тоа е основата врз која изградивме сè. Децата треба да знаат дека и родителите имаат потреби и дека и тие се важни. Моите родители се разведоа кога бев многу мала и затоа на почетокот на нашиот брак мислев дека можам и знам да живеам сама, без него. За среќа, тоа се смени и тој стана личноста со која сакам да го поминам животот и да остарам“.

Една година по венчавката, парот го добива синот Тревис, а во 1992 година ја добиваат ќерката Соси Рут, која тргна по стапките на нејзините родители и изгради актерска кариера. Тие го направија својот дом од соништата, за едно совршено семејство, далеку од рефлекторите на Холивуд. Кира и Бејкон за свој дом го одбраа Менхетен.

Самиот Кевин Бејкон никогаш не криел дека во времето кога ја запознал својата идна сопруга минувал низ еден од најтешките периоди во неговиот живот бидејќи не бил сигурен дали ќе остане во актерството или не. Токму таа му дала сила да се бори за својата, но и за нивната иднина, па не е изненадувачки што кога тој зборува за неа, тој вели дека таа е жената од неговите соништа.

Иако се во брак 30 години, честопати снимале заедно и имаат две деца, за Кира Седгвик нејзиниот сопруг е понекогаш мистерија. „Ние сме во брак толку многу години што повеќе нема тајни меѓу нас, но сепак има работи за Кевин за кои сè уште учам“.

Фото: Принтскрин / Instagram

Дека после толку години тој сè уште е за заљубен во својата сопруга, Кевин Бејкон не крие. Напротив, тој сака да ја споделува својата љубов кон својата сопруга и пред јавноста, па затоа и ги честита родендените и годишнините од бракот со романтични објави на социјалните мрежи.

„Ако сакате вашиот брак да успее и да преживее, никогаш не ги слушајте советите на славните за бракот. Тоа е мојата тајна за долг брак“, заклучи Кевин Бејкон, а Кира додаде:

„Се венчавме кога бев многу мала и всушност имавме многу среќа. Да останеш во брак толку долго не е лесно и треба многу напорна работа. Немаме брак од соништа … само се обидуваме и работиме на тоа. Ако можеме, Кевин и јас одиме на вечера, гледаме филм, водиме љубов … и тоа е прекрасно. Ако не, доволно е само секс и вечера. Не знам како успеваме со тоа, но со него секогаш чувствувам дека сум најубавата, но и единствена жена во собата“.

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....