8.8 C
Скопје
11:10 - 1 април, 2026

Хороскопски знаци кои ги обожаваат прегратките – Со гушкање можете да ги освоите!

Тие се совршени за оние што сакаат интимност, блискост и сигуност! Ако веќе имате еден од овие знаци покрај себе, бидете сигурни дека тие никогаш нема да ве пуштат од својата прегратка и секогаш ќе го прават она што е најдобро за вашата љубовна врска.

1. Рак

Ракот е многу приврзан за луѓето околу него. Кога и да има чувства за некого, тој не може да се сопре при искажувањето. Па, кога е во врска, постојано ќе го „бомбардира“ партнерот со прегратки и бакнежи. Кога Ракот има силни емоции, едноставно не може да се воздржи.

2. Лав

Лавот ужива кога го обожуваат и кога му се восхитуваат. Токму затоа и кога станува збор за одбирање партнер, потребна му е личност што ќе му даде многу внимание. Ако има партнер што целосно ќе му се посвети, тој ќе возврати така што нема да го испушти од своите прегратки.

3. Вага

Вагата е вистински романтичар. Кога се грижи за некого, таа едноставно мора да ги искаже сите емоции што ги чувствува. Затоа и ќе му купува мали подароци на партнерот и ќе го изненадува во текот на денот со ненадејни прегратки, покажувајќи му колку ѝ значи.

4. Риби

Рибите уживаат во врска што емотивно ќе ги исполни, па со цел да ја зголемат интимноста, тие ќе најдат начин како да ги искажат своите емоции. Тоа ќе го прават преку чести прегратки, особено кога партнерот не им е расположен, претворајќи се себеси во перничка за гушкање.

Слични објави

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova
Се вчитува....