2.8 C
Скопје
02:45 - 6 февруари, 2026

Хороскоп за 18 Ноември понеделник – Девиците ќе го сретнат тајниот обожавател, Стрелците ќе бидат принудени да прифатат нечија помош

Овен

Ќе ги подобрите односите со соработниците и шефовите. Би требало подобро да избалансирате некои работи. Воздржете се од импулсивноста и не го прифаќајте веднаш првиот предлог без да го слушнете вториот. Партнерот ќе има повеќе слободно време да биде со вас.

Бик

Средбата со едно лице негативно ќе делува на вашето расположение. Постојат ситуации кои не можете да ги решавате сами и без ничија асистенција. Некој го привлекува вашето внимание, но сеуште не сте ја донеле конечната одлука.

Близнаци

Секојдневните излегувања и бурниот ноќен живот може негативно да се одрази на вашата работа. Намалете малку со лудувањето. На работа потребно е да дојдете подготвени, а не да се криете зад колегите. Во љубовниот живот нема драстични промени.

Рак

Понекогаш се станува релативно подложно на ненадејни промени, затоа немојте да донесувате заклучоци без консултација со блиските соработници. Избегнувајте ја варијантата се или ништо и различните предизвици кои можат да ви наштетат. Забавете го малку забрзаниот ритам, опуштете се, премногу сте нервозни.

Лав

Комуникацијата со лице од блиското деловно опкружување ќе ви донесе информации кои можете добро да ги искористите кога станува збор за кариерата. Некои работи ви се познати од претходно, а нешто прилично ќе ве изненади и ќе ве наведе да бидете повнимателни. Внимавајте на притисокот.

Девица

Од вас се очекува многу, но за некои работи сеуште не сте зрели. Потрудете се да оставите добар впечаток во вашата околина. Имате некој таен обожавател кој наскоро ќе посака да ви пријде. Доаѓаат подобри денови за вас, поработете малку на физичкиот изглед.

Вага

Веќе со денови чувствувате неподнослив замор, што се одразува и на вашата работа. Прашајте некој од колегите за помош. Подоцна сетете се да се заблагодарите. На полето на љубовта здосадена ви е моменталната ситуација.

Шкорпија

Имате недостаток на самодоверба, што се чувствува и во вашата работа. Слободно повеќе ценете се себе си и ќе имате повеќе успех во работата и во односот со колегите. Иако можеби не ви се допаѓаат некои потези кои ги прави саканото лице, понекогаш е подобро да се опуштите. Никој не сака да биде постојано критикуван.

Стрелец

Прифатете нечија понуда на некој начин да ви помогне. До вас ќе дојдат вести за некои случувања кои не сте можеле целосно да ги следите. Ќе ви помогне некое лице на висока позиција. Во љубовта ќе бидете изразено романтични.

Јарец

Не треба да обрнувате внимание на нечии коментари. Се што правите со позитивна тенденција остава добар впечаток на околината. Важно е да ги примените познатите рецепти, кои гарантираат деловен успех и лично задоволство. Со партнерот сте во хармонија.

Водолија

Во компанијата, но и надвор од неа многумина слушнале за вашите деловни успеси, па можно е да добиете понуда од повеќе страни. Ако се сомневате во намерите на партнерот, кажете му го тоа отворено и без споредни теми. Единствено така ќе можете да ја решите дилемата.

Риби

Претерувате со својата љубопитност. На ненадејните коментари или на негативните коментари не треба да одговарате брутално. Размислете за можноста да се смирите со некое драго лице од минатото.

Слични објави

Маријана Микиќ официјално се разведе: Пејачката ги потпиша документите, крај на приказната!

Еспресо

Ела Дворник повторно живее со поранешниот сопруг: „Вистински пекол на земјата!“

Еспресо

Познат пејач ја изневерува својата сопругата со маж: Водителот на Пинк откри шокантни детали

E.A.

(Фото) „Имав рак по рак, потпишав…“: Ќерката на легендарниот пејач ги откри деталите од мачната борба

Еспресо

Ацо Пејовиќ купил дуплекс стан во модерниот дел на Белград: Еден квадратен метар чини 6.000 евра

E.A.

(Фото) Првата заедничка фотографија: Еве како изгледа партнерот и татко на детето на Милица Тодоровиќ

Еспресо
Се вчитува....