19:44 - 26 февруари, 2026

ХАРИ Ѝ БИЛ МИЛЕНИК: Таа сакала него да го види на кралскиот трон

Поранешниот кралски батлер Пол Барел тврди дека принцезата Дијана сакала крал да биде нејзиниот помлад син Хари, наместо Вилијам.

Со тоа што е постар, Вилијам уште од дете бил воспитуван како иден крал. Тоа ја налутило Дијана и таа барала од принцот Чарлс и кралицата Елизабета и Хари да добива подеднаков третман.

Покојната принцеза секогаш велела дека подеднакво ги третира своите деца. Проблемите почнале кога тие потпораснале, а Вилијам го чувствувал притисокот на своите обврски. Тој во еден момент почнал да плаче и да вели дека не сака да биде крал. Хари го утешил својот постар брат велејќи му дека ако не сака, тој ќе биде наместо него.

Во една прилика Дијана му рекла на својот помлад син: „Ти би бил одличен крал, би сакала тебе да те видам на тронот.“

Иако велела дека еднакво ги третира, многумина тврдат дека Хари ѝ бил миленик на принцезата, особено поради тоа што бил во сенка на постариот брат.

Арчи од Сасекс има право на кралска круна, но дали има шанса за тоа? (ВИДЕО)

Сепак, кралски правила се кралски правила. Децата на постариот Вилијам добија предност во линијата за наследување пред својот чичко, кој денеска е војвода од Сасекс.

Според кралскиот автор Роберт Џонсон, Дијана на Хари му дала прекар „добриот крал“.

Отстапки од ова правило може да има доколку наследникот самиот се откаже. Веднаш по кралицата Елизабета е принцот Чарлс, а по него е принцот Вилијам, па неговите деца. Хари е веднаш по најмладиот внук од братот, принцот Луи.

ДЕНЕС ЌЕ Ѝ БЕШЕ РОДЕНДЕН: Детали од потресните исповеди на непрежалената принцеза

Слични објави

(Фото) Се бакнуваат, таа стави и сино срце: Љубовната објава на Милица Тодоровиќ ги воодушеви луѓето!

Еспресо

Душко Тошиќ постојано ја посетува оваа пејачка! Таа ги откри деталите: „Воопшто не ме изненади што тие…“

Еспресо

Објавен дел од исповедта на Цеца во филмот за Саша Поповиќ: „Тоа што го кажа нема цена“

Е.А.

Ѕвездата на „Луд, збунет, нормален“: „Среќа што сум жив, имав три операции на гласните жици“

Еспресо

„Чекам повик за операција на срце“: Дечко ѝ на Ана Николиќ потврди дека ќе биде опериран

Еспресо

„Од разните полови болести, татко ми станал стерилен“: Нови шокантни изјави на ќерката на Аца Амадеус

Е.А.
Се вчитува....