04:20 - 29 ноември, 2026

Халид Бешлиќ го откажа концертот поради здравствени проблеми: „Започнува со рехабилитација“

Познатиот пејач Халид Бешлиќ требаше да настапи во Градачац, но концертот е откажан поради неговата здравствена состојба. Туристичката заедница на Градачац преку официјално соопштение потврди дека пејачот мора да се повлече и да се посвети на опоравување.

„За жал, планираниот концерт на Халид Бешлиќ, закажан за среда, 27 август 2025 година, се откажува поради здравствени причини. Халид е принуден во моментов да му посвети внимание на своето здравје и да започне процес на рехабилитација“, објавија на својата Фејсбук-страница „Visit Gradačac“.

Менaџментот на пејачот истакна дека ја разбира разочараноста на неговата бројна публика, но уверува дека следува ново дружење веднаш штом Бешлиќ закрепне.

„Во овие моменти сите заедно му посакуваме на Халид што побрзо и поуспешно закрепнување и враќање на сцената меѓу публиката што искрено ја цени и ја сака“, се додава во соопштението.

Иако не е познато кои конкретни здравствени проблеми довеле до откажувањето, јавноста знае дека Бешлиќ веќе подолго време се соочува со здравствени тегоби. Во 2009 година тој преживеа тешка сообраќајна несреќа во која го загуби едното око и заработи сериозни повреди на белите дробови. Подоцна му беше вграден стент, а дополнително се бори и со дијабетес.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....