18:00 - 1 ноември, 2026

Го надмина Мајкл Џексон: Тејлор Свифт е прогласена за изведувач на деценијата! (ФОТО)

На доделувањето на Американските музички награди на свеченоста во Лос Анџелес, триумфираше Тејлор Свифт (29), освојувајќи шест награди. Свифт ја освои главната награда за изведувач на годината и уште четири други. Доби награда и за почесен изведувач на деценијата. Сега има веќе 29 награди, со што го надмина рекордот на Мајкл Џексон, кој собра 24 награди.

profimedia

„Сè што ми е важно се спомените кои годиниве ги имам со вас“, со овие зборови Свифт ѝ се обрати на публиката на свеченоста во Лос Анџелес откако изведе ремикс на своите хитови.

Тинејџерката Били Еилиш (17) освои две статуетки за најдобар изведувач и најдобар алтернативен рок изведувач, откако нејзиниот сингл „Bad Girl“ се качи на првото место на американските топ листи.

Еилиш даде поддршка за борбата со климатските промени носејќи маица со натпис „Нема музика на мртва планета“.

Селена Гомез (27) ја отвори свеченоста во својот прв телевизиски настап во живо откако во 2017 година ѝ беше направена трансплантација на бубрезите и по борбата со анксиозноста и депресијата.

Пејачката Лизо го изведе својот нов сингл „Jerome“, а Камила Кабељо и Шон Мендез нивниот хит „Senorita“, кој освои награда за соработка на годината.

 

 

Слични објави

„Ти беше феномен“: Јосипа Лисац со трогателна посвета се прости од Мишо Ковач

К.С.

„Го видов на насловните страници и се заљубив“ – Како започнала љубовната приказна на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ

Т.Ц.

Алка Вуица се прости од Мишо Ковач со емотивна порака: „Жал ми е што не ти напишав повеќе песни“

К.С.

Почина Мишо Хрњак, басистот на легендарната „Азра“ — неговата музика одбележа генерации

К.С.

(Фото) Билјана Дебарлиева прослави 32 години брак со сопругот Јован — нивната љубовна приказна започна во Охрид

К.С.

Почина Мишо Ковач — никогаш не ја преболе смртта на синот Еди, кој имаше само 16 години

К.С.
Се вчитува....