00:40 - 7 ноември, 2026

(ФОТО) Сузана Турунџиева: Не морате да бидете дел од светот во кој моќта се изразува исклучиво преку парите

За искреното пријателство на хероината од филмот „Медена Земја“, Атиџе Муратова и нашата позната пејачка, водителка и писателка Сузана Турунџиева пишувавме многупати.

Нивното пријателство не беше спречено ниту од пандемијата на коронавирусот. Двете дами го користеа секој момент да го поминат заедно, а секое нивно дружење да го збогатат со многу музика.


Минатата година двете дами го остварија долго најавуваниот дует „Од Бекирлија до Битола“, а притоа беше промовиран и видео спот за оваа композиција, а потоа следеше и нивниот прв заеднички албум „Пола тебе – пола мене“.


Сузана и Атиџе, уживаат во секој слободен момент да поминат квалитетно време заедно. Патуваат заедно, уживаат во заедничкото друштво и долгите муабети. По подолго време водителката сподели нова фотографија со Атиџе, а во описот на фотографијата напиша:

„Не морате да бидете дел од светот во кој моќта се изразува исклучиво преку парите и потребата да се контролираат другите… Можете да се поврзете со оние кои моќта ја изразуваат преку ЉУБОВ КОН ДРУГИТЕ, ЧОВЕШТВОТО, ВИСТИНАТА…“- напиша Сузана.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....