18.8 C
Скопје
02:29 - 27 јули, 2024

(Фото) Среде бурниот развод на родителите: Ќерката на Харис и Мелина Џиновиќ го прослави роденденот со мистериозниот дечко!

Наследничката на Харис и Мелина Џиновиќ го слави роденденот со своето момче во викендица надвор од Белград!

Џина Џиновиќ, ќерката на познатата модна дизајнерка Мелина Џиновиќ и популарниот пејач Харис Џиновиќ, го прослави својот 20-ти роденден. Харис нема социјални мрежи, па јавно не ѝ го честиташе роденденот, а Мелина на посебен начин ѝ упати честитка.

„Среќен роденден љубов моја“, напишала Мелина.

Специјално изненадување добила од своето момче, мускулестиот Андреј Благојев, кој ѝ купил торта и оставил посебна порака.

„Среќен роденден, бубо. Те сакам“, пишува на тортата, а Андреј со неа сподели и фотографија.

Џина потоа се пофали дека со своето момче отпатувала надвор од Белград, во луксузна викендичка каде најверојатно ќе го прослават нејзиниот роденден.

Андреј, со кого Џина е во врска нешто повеќе од една година, ѝ приреди изненадување и минатата година. Имено, и тогаш ја сподели фотографија со поинаква торта.

Тогаш добила црвена торта во форма на две срца, кои биле споени.

Инаку, Џина само неколкупати на Инстаграм го објавила своето момче, а судејќи по неговиот профил, тој е љубител на автомобили и кошарка. Сепак, иако таа не објавува често фотографии со него, според претходните објави може да се заклучи дека уживаат во љубовта и дека сакаат да патуваат заедно. Така тие неодамна ја посетија Шпанија, од каде Џина сподели интимна фотографија.

Инаку, Харис неодамна призна дали му пречи што толку многу се пишува за неговата сакана ќерка.

– Не ми пречи, што би ми пречело ако некој е убав, особено ако е мое дете. Не се мешам, не се мешам затоа што може да дојде до судир на мислења. Не знам ништо за Тикток и тие работи, ниту сакам да знам, не ми е време. Сè оставам на неа, млада е, паметна, знае што прави. Ако и оди добро, тогаш е успешна. Ако има атрибути зошто да не биде во јавност. Немам поим што им поминува низ главите кога е мојата музика во прашање. Кој знае што им е во главата – изјави тој за ТВ Пинк.

Слични објави

(Фото) Се појавија експлицитни фотографии од Меланија Трамп: „Сакате да удирате ниско?“

еспресо

(Фото) Романтичен ручек на луксузна јахта: Братот на Новак Ѓоковиќ и сопругата уживаат на море

jasmina.kantardzieva

Цеца Ражнатовиќ жртва на измама: Моето име е злоупотребено, ќе биде добро ако не поднесам кривична пријава

Еспресо

„Веста нè шокираше!“ Соседите на Драгана Мирковиќ од родниот крај го разврзаа јазикот за разводот со Тони Бијелиќ

Еспресо

„Прво ќе те претепа, па ќе ти донесе букет“: Ведрана Рудан ги откри деталите за бруталното насилство во бракот

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во домот на Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ: Украсен со многу љубов и светлина

Еспресо
Се вчитува....