14.8 C
Скопје
22:02 - 2 мај, 2024

(Фото) Секси во новата година: Антониа Гиговска настапи во провокативен фустан на дочекот

Македонската пејачка Антониа Гиговска настапи во еден локал во Куманово за дочекот на Новата 2024 година.

Таа се појави  разголен светкав фустан, од ателјето на дизајнерката Ива Спасовска. За нејзината шминка се погрижи Александар Билјановски – Дадар, а фризурата ѝ ја направи Ангела Спасевска од модното студио „Дадар“.

„2023 – можам само да бидам благодарна на сè она добро и на се она не толку добро што ми се случи. Се изградив како личност, карактер, научив да живеам со луѓето кои ги сакам и ме сакаат. Оние кои искрено ме слушаат кога сакам да им кажам нешто и кои не ме оставија кога ми беше најтешко. Баш би сакала да им кажам благодарам на оние коишто ми кажаа збогум, затоа што само така научив кои се вистинските, оние коишто треба да бидат до мене – моја поддршка, мое рамо за плачење, оние што никогаш не би ме изневериле.

Најубавото нешто што ми се случи и ја одбележа оваа година е мојот син, мојот Киан, мојот живот.

Кога сме кај музиката, во новава година си посакувам многу песни, многу хитови (не мора да бидат хитови, само да ги сакате и да ги пеете), многу соработки. Си посакувам да сум здрава и жива, сите околку мене да се среќни, исполнети, насмеани.

За крај, во 2024 година влегов со овој прекрасен фустан на Ива Спасовска, кој дефинитивно треба да биде знак дека ме чека најдобра година, година за паметење. Или како што би рекол мојот Лазар Цветковски: ‘Шефче, ова ќе биде твоја година’.“, напиша таа.

Фото: Инстаграм/Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм/Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм/Антониа Гиговска

Слични објави

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо

Џина Џиновиќ повеќе не може да молчи: Јавно се закани, хаос во вилата во Сењак

Еспресо

(Фото) Врелите фотки на Ена Попов го запалија интернетот: Пејачката го покажа телото во секси бикини

Еспресо

Наташа Беквалац ослабела 10 килограми: Пејачката откри кои намирници се дел од нејзиното мени

Еспресо

„Ете пак…“: Никола Роквиќ доживеа трогателен момент по патот кон Грција

Еспресо

Синовите на Лепа Брена имаат уште по едно име: Стефан го откри неговото вистинско име и на брат му

Еспресо
Се вчитува....