14.8 C
Скопје
12:46 - 18 октомври, 2026

(Фото) Секси трудница: Бремената Хана Хуљиќ објави нова фотографија на Инстаграм и порача : „Подготовките се во тек“

Хана Хуљиќ Грашо по подолг период на непојавување на социјалните мрежи објави фотографија од студиото каде се гледа како свири на клавир.

„Подготовки во тек“, напиша Хана и го означи музичкиот продуцент Хрвоје Домазет.

Под лежерната облека ѝ се гледа трудничкиот стомак, а нејзината бременост полека привршува. Петар Грашо и Хана Хуљиќ во април годинава открија дека чекаат второ дете.

Петар подоцна изјави дека по нивната ќерка сега пристигнува син.

Тој раскажа и како се чувствувала Хана на почетокот на бременоста.

„Како е Хана? Како и секоја трудница. Еден ден сака кроасани, друг ден не сака кроасани. Потоа еден ден мојот парфем ѝ мириса одлично, следниот ден ѝ е ужасен. Претпоставувам дека така треба да биде, тоа е во ред“, рече тој.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Тие веќе имаат име за нивниот син. „Имаме, но ќе си го задржиме за нас. Иако се дознавате, па ќе го дознаете и тоа“, изјави неодамна Хана за „Ин магазин“.

Петар и Хана ја добија ќерката Алба во 2022 година.

„Толку многу уживам во секој момент со неа, знам дека брзо ќе порасне и можеби сега едвај чекам да порасне, но кога ќе порасне ќе ми биде жал. Убава е, весела е. таа донесе нешто посебно во нашиот живот“, изјави пејачката.

За потсетување, Хана и Петар се венчаа во февруари 2022 година во Сплит.

Слични објави

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо

Дневен хороскоп за 18 октомври: Овни, одвојте повеќе време за одмор

Еспресо

Ана Николиќ бесна поради лажен плакат на кој е со Наташа Беквалац: „Ова е будалаштина, се гледаме на суд“

Е.А.
Се вчитува....