04:25 - 28 ноември, 2026

(Видео) Српската старлета Станија го сними страшниот ураган во Мајами: Ноќе истрчала на улица

Цела Флорида ја зафати страшниот ураган Милтон кој веќе однесе неколку животи, а српската најпозната старлета Станија Добројевиќ се јави од Мајами каде живее со години.

Таа прво прозборе од својот стан и го покажа ужасот надвор, невремето што допрва почнуваше, црното небо и како што вели депресивната состојба.

– Кој би помислил дека глетката од мојата тераса некогаш ќе изгледа толку депресивно. Кога решив да се преселам на Флорида, имав само палми, сонце и океан во мојата глава. Каков ураган? – напиша Станија.

Потоа, доцна во ноќта решила да излезе надвор и да оди до океанот, за да го сними страшното невреме.

Станија ги снимила палмите кои буквално се „кршат“ на ветрот, но и немирниот океан…

– Морав да излезам да видам – напиша таа.

За потсетување, повеќе од 2 милиони домови и бизниси сега се без струја низ Флорида, а цели населби се во мрак.

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....