18:36 - 5 ноември, 2026

(ФОТО) САРА КЛИМОВСКА, ЕДНА ОД ДЕВЕТТЕ ЖЕНИ КОИ ЈА ОДБЕЛЕЖАА 2021: Берлиналето ми отвори доста врати и сè уште ми отвора

Актерката која годинава е „Shooting star“ – ѕвезда во подем прогласена за време на Берлиналето е една од деветте жени кои ја обележаа 2021 во македонската филмска индустрија – Сара Климоска, стои на официјалниот инстаграм – профил на Филмската академија.

Климоска пред помалку од половина година ја доби наградата за улогата во дебитанскиот филм на Игор Алексов „Лена и Владимир“ според сценарио на Александар Русјаков.


Церемонијата за доделувањето на наградите за најдобрите европски актери во подем се одржа на „Berlinale Musem Island“ во рамките на Берлинскиот филмски фестивал „Berlinale“.

Нашата актерка беше номинирана од страна на Агенцијата за филм на РСМ, која е долгогоден член на „European Film Promotion“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sara Klimoska (@sara_klimoska)


Досега оваа награда ја добиле само три македонски актери и тоа Лабина Митевска во 1998 година, Наташа Петровиќ во 2011 година и Благој Веселинов во 2019 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sara Klimoska (@sara_klimoska)

– Наградата „Ѕвезда во подем“ што ја добив на Берлинале ми отвори доста врати и сè уште ми отвора, но за да влезам во една од нив навистина е многу потешко надвор, отколку тука на овие простори, бидејќи конкуренцијата е многу поголема и јазикот е бариера. Но, се надевам дека убави работи ќе се случуваат, изјавила актерката за @umno.mk.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sara Klimoska (@sara_klimoska)


Сара е дел од филмовите кои допрва треба да ги видиме во кино салите – „Лена и Владимир“, „Преескпонирано“, „Нема да бидеш сама“, „Кајмак“, а веќе ја видовме со носечка женска улога во „Врба“

Слични објави

(Фото) Стефан Лазаров ужива во татковството — нежни моменти со малиот Лука во новиот семеен дом

К.С.

Сека Алексиќ сака да ги донира своите јајце-клетки, но и да посвои дете: „Тоа е врв на хуманоста!“

Еспресо

„Знаењето ве прави добар лекар, но човечноста лекар на кого пациентите му веруваат“: приказната за амбицијата, посветеноста и човечноста на д-р Марио Јакимовски, специјализант на Клиниката за хематологија

Еспресо

Слоба Радановиќ доби навредлив коментар, па веднаш возврати: „Не си ти за оваа музика!“

Еспресо

Искуство на пациент на Клиника „Жан Митрев“: Средба што зборува за доверба, благодарност и живот

Еспресо

„Има денови кога сè на светот е насмевката“: Сопругот ја освојува Ивона Јо со комплименти

Еспресо
Се вчитува....