18:19 - 10 ноември, 2026

(ФОТО) НАЈБИЗАРНИОТ МОДЕН ИЗГЛЕД НА КИМ КАРДАШИЈАН: Ријалити ѕвездата дефинитивно е ПОДГОТВЕНА НА СÈ само за да привлече внимание!

Ако мислевте дека Ким Кардашијан веќе ги покажа сите бизарни аутфити и имагинативни изданија, се лажете! Се чини дека ријалити ѕвезда нема граници и секогаш е подготвена на публиката да и понуди иновативни, по малку шокантни комбинации, а во една од нив се појави мината недела.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)


Имено, Ким отишла на ручек со своите сестри во еден престижен ресторан во Лос Анџелес, а нејзиното издание за оваа прилика во најмала рака е дискутабилно, но пред се е впечатливо и истото не може да помине незабележано.

Славната 41-годишна ријалити ѕвезда ги истакна своите бујни облини во црвено кожено здолниште со висок струк, а го надополни со плетена блуза со пламен принт, што навистина придонесе Ким да изгледа како оган во дрижење.


Атрактивната бринета го комплетираше изгледот со кожени ракавици и црвени чорапи-чизми, повторно покривајќи ја секоја педа од нејзиното тело, стил на кој му е верна веќе неколку месеци.

И покрај впечатливата комбинација фокусот беше во деталите –  црна, крзнена чанта и огромни очила за сонце со крзнени рамки.


Погодувате, коментарите на социјалните мрежи не беа љубезни кон Ким. „Како не се срами!“, „Очајна е за внимание, а тоа не може ни да го сокрие“, „Боже, застани ја, те молам“, „Ова ги тероризира нормалните луѓе“ , „Како цртаниот лик“, „Многу непријатно“, беа само дел од коментарите за изгледот на Ким.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

Слични објави

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо
Се вчитува....