21:07 - 28 ноември, 2026

(Фото) Малата Катја е скромна: Ќерката на Наташа Беквалац му испрати писмо на Дедо Мраз

Празничната еуфорија веќе се чувствува во домовите на многу семејства, а и во домот на српската пејачка Наташа Беквалац со нетрпение се очекуваат празниците.

Најзината помлада наследничка му напишала писмо на Дедо Мраз, а гордата мајка ги сподели новогодишните желби на малата Катја.

Фото: Инстаграм/Наташа Беквалац

И додека многу деца сакаат играчки, нов телефон и многу други скапи работи, скромното девојче посакало само едно – нови книги за својата библиотека.

Катја напишала своја листа со наслови на книги во своето писмо до Дедо Мраз:

„Драг Дедо Мраз, цела година се трудев да бидам добра. Знам дека знаеш дека имам многу играчки, па оваа година сакам да добијам книги. Дури имам и список: „Златна пеперутка“ од Десанка Максимовиќ, „Заљубената жаба“… Се гледаме наскоро, среќна Нова година“, напишала малечката Катја.

Откако го прочитала ова, Беквалац не можела да ги запре солзите радосници, среќна што ја научила петгодишната наследничка да биде скромна.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....