04:15 - 1 август, 2026

(ФОТО) КОЈ Е СВАТОТ НА ПОРАНЕШНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ЃОРГЕ ИВАНОВ: Професор на машинскиот факултет, татко и дедо!

На 4-ти април нашиот поранешен претседател Ѓорѓе Иванов стана дедо, а неговиот син Иван Иванов татко. По повод доаѓање на новиот член и прво внуче во семејствата Иванови и Кочови беше организирана традиционалната прослава на која веселиот татко славеше до раните утрински часови.

Фото: Принтскрин / Instagram

На крајот на месец февруари, Иван и Јана ја озаконија својата љубов во кругот на своите најблиски пријатели и семејтвата. Нежниот розов фустан кој тогаш го носеше невестата откри дека саканата на Иван е во поодмината бременост.

„ВО ОВА НЕВИНО ВРЕМЕ ШТО ИЗМИНА, ВО ЖИВОТОТ МИ ВЛЕЗЕ ЛИЧНОСТ КОЈА МИ ГО ОБЛАГОРОДИ МОЕТО ВРЕМЕ. НЕКАКО СИ СЕ НАДОПОЛНИВМЕ, СИ ЗНАЕВ ДЕКА ТОА Е ТОА УШТЕ НА ПОЧЕТОЦИТЕ КОГА ЗАПОЧНУВАШЕ НАШАТА ВРСКА… ЉУБОВТА НЕ Е НЕШТО ЕГЗАКТНО ШТО МОЖЕШ ДА ГО ПРЕСМЕТАШ. ЕДНОСТАВНО ТОА ГО ЧУВСТВУВАШ ВО СЕБЕ. НЕ ЗА ЏАБЕ ВЕЛАТ ДЕКА ПЕПЕРУТКИТЕ ВО СТОМАКОТ, НЕ ЛАЖАТ. КОГА ЌЕ ГО ПОЧУВСТВУВАТЕ ТОА, ЌЕ ЗНАЕТЕ ДЕКА СТАНУВА ЗБОР ЗА ОНА ВИСТИНСКОТО И ДЕКА ТАА Е ЛИЧНОСТА СО КОЈА САКАТЕ ДА ЈА ИСПИШЕТЕ ЕДНА ОД НАЈУБАВИТЕ ПРИКАЗНИ ВО ЖИВОТОТ“,  ПРЕД СКОРО ПОЛОВИНА ГОДИНА ИЗЈАВИ СИНОТ НА НАШИОТ ПОРАНЕШЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ, ЃОРГЕ ИВАНОВ, ИВАН ИВАНОВ ВО ИНТЕРВЈУ ЗА ЕМИСИЈАТА „БЕКСТЕЈЏ“ ОТКРИВАЈЌИ ДЕКА ЈА ПРОНАШОЛ СВОЈАТА СРОДНА ДУША – ЈАНА .

Само месец и пол по свадбената прослава семејството Иванови и Кочови го добија своето прво внуче – малиот Ѓорге Иванов – Јуниор кој ќе го носи името на својот дедо, нашиот поранешен претседател.

Едниот дедо на Ѓорге – Јуниор е универзитетски професор и поранешен Претседател на Македонија во периодот од 2009 до 2019 година, но и другиот дедо исто така е универзитетки професор, поточно редовен професор и поранешен декан на Машинскиот факултет во Скопје.

Сватот на Ѓорѓе беше првиот во семејството кој ја сподели радосната вест со јавноста преку социјалните мрежи.

ДОБРЕДОЈДЕ ПРИНЦУ! ПРВО ВНУЧЕ! ВИ БЛАГОДАРАМ ЈАНА & ИВАН! – НАПИША ТАТКОТО НА ЈАНА НА СВОЈОТ ФЕЈСБУК – ПРОФИЛ на денот на раѓањето на неговиот внук.

Ѓорге Јуниор е првото внуче во двете семејства, а покрај бројните титули, двајцата професори сега се закитија со најголемата – титулата дедо!

Слични објави

(Фото) Новата снаа на Лепа Брена ги покажа заносните облини – меѓу градите крие тетоважа

Еспресо

Дарко Лазиќ демантира дека бил исфрлен од клуб: „Пеев час и половина, а не ми платија“

Еспресо

Теодора Џехверовиќ отворено за конфликтот со колешката Ема Радујко: „Не толерирам непочитување“

Еспресо

Дара Бубамара полека го воведува партнерот во светот на естрадата

Еспресо

(Фото) Прва фотографија од Дea Ѓурѓевиќ од породилиштето: Водителката блеска само два часа по породувањето

Еспресо

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо
Се вчитува....