10:57 - 12 ноември, 2026

(ФОТО) ЕШЛИ ГРЕАМ ПРЕД ПОРАЃАЈ: Моделот со голото тело покажа како изгледа бременоста

ешли греам (1)

Најпознатиот плус сајз модел на светот Ешли Греам сподели фотографија која ги трогна, воодушеви и инспирира нејзините обожаватели, а и скептиците во светот. 

Ешли Греам не само што не се срамела од своите облини, туку и ги прославувала, а сега во нова објава на „Инстаграм“ покажа како изгледа нејзиниот стомак ишаран со труднички стрии.

Објавата собра над милион лајкови и еден куп позитивни коментари кои го охрабруваат нејзиниот потег. Ешли, минатата година го роди момчето Исак Менелик Џовани Ервин, а сега очекува близнаци.

„Џастин вели дека моите стрии изгледаат како дрвото на животот“, напиша во описот на фотографијата која сите ја поздравија со воодушевување бидејќи не е фотошопирана. Во коментар ѝ пишаа и манекенките Наоми Кембел, Кристи Тарлингтон, Хелена Кристенсен, Лили Олдриџ, а објавата ѝ се допадна на Џиџи Хадид.

„Телото на жената е чудо“, „Ти си преубава, стриите секогаш ќе ја раскажуваат твојата приказна затоа носи ги гордо“, „Сакај ги твоите стрии. И јас ги имам“, напишаа нејзините обожаватели во коментарите.

(ФОТО) ЈА ПРЕПОЗНАВАТЕ? Ешли Греам гордо покажува како изгледа бремена жена

Слични објави

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova

Се разбудивте со главоболка? Еве што открива науката за причините и кога треба да побарате помош

К.С.

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.
Се вчитува....