03:16 - 10 јануари, 2026

(ФОТО) „ДЕВОЈЧЕ, СЛАВАТА МАВА ВО ГЛАВА… ДАЈ МАЛКУ СВРТИ СЕ, ВИДИ ДО КАЈ СИ“: Антониа Гиговска „опомената“ на Инстаграм

Нашата позната пејачка Антониа Гиговска постојано е во чекор со светските трендови. За нејзиниот изглед „од глава до пети“ се грижи професионален тим на стилисти од нашата земја како и од надвор од границите. Гиговска од самиот почеток работи со врвни професионалци, не само околу создавањето на музика туку и околу нејзиниот комплетен изглед како млада музичка ѕвезда која допрва ја очекува блескава кариера.

Своите почетоци, младата Антониа ги врзува со шоуто „Пинкови ѕвездички“ кога буквално ги освои срцата на целиот Балкан. Денес, е една од најеминентните артисти смело вивнувајќи се кон секој врв што ќе го замисли.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)


Секогаш совршено стилизирана, младата пејачка е инспирација за своите бројни фанови. На социјалната мрежа „Инстаграм“ активно ја следат скоро 100.000 следбеници, од нашата земја како и голем дел од балканските земји, особено соседна Србија.

По секоја објавена фотографија на Антониа следи лавина од комплименти и поддршка за младата пејачка, но има и исклучоци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)


На една од последните фотографии на Гиговска осамна еден коментар кој го привлече нашето внимание.

Девојче, имаш прекрасен глас, ама славата мава во глава… Дај малку сврти се, види до кај си, што си, спушти се на земја… Не летај толку… Не е мое да зборам, ама тоа ти го рече и маестро Игор Џамбазов на почетокот…. Поздрав и секое добро, да се врати старата Антонија.. Скромноста те личи, е коментарот на една корисничка на социјалната мрежа „Инстаграм“ и следбеничка на пејачката, чиј профил е затворен, но во описот стои дека е „среќна мајка на девојче“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)


Пејачката не остана имуна на овој коментар и заклучок основан само на неколку фотографии и возврати на коментарот

Сметам дека скромноста нема никаква поврзаност со облеката која ние артистите ја носиме. Сцената бара и дозволува различни стилови на облека, затоа постои тим со кој што ние артистите работиме и тие најдобро си ја знаат работата. Облеката не треба да биде огледало на нашата душа и какви луѓе сме. Јас сум истата Антониа од „Пинкови ѕвездички“ само 7 години постара. Посакувам да се видиме, и да ме запознаете, да видите каква сум навистина, не дозволувајте Инстаграм да ви даде лоша слика за тоа какви сме ние навистина како луѓе. Секое добро, стои во одговорот, коментарот на Гиговска

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)


Неодамна Гиговска го промовираше најновото музичко остварување со наслов „Магнет“. Повеќе од еден месец по објавата на песната и спотот, пофалбите и реакции од публиката не стивнуваат. Несомнено е дека Антониа има уште еден голем хит во своето „си-ви“, а вчера младата пејачка официјално го најави нејзиниот прв студиски албум „2001“ со објава на својот инстаграм-профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

Прв албум и песните со кои што пораснав.. како личност и артист. Некои од нив ми будат убави спомени, некои од нив солзи,некои од нив насмевки. Секоја со својата приказна. Мои се, ги сакам сите. Со албумот уште нешто кое што едвај чекам да го видите, стои во објавата на пејачката.

Со нетрпение го очекуваме првенчето на Антониа.

Слични објави

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо
Се вчитува....