19.8 C
Скопје
16:05 - 24 октомври, 2026

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Пилешки увијачи – сочни и вкусни одвнатре, крцкави однадвор

готвиме со теа

Започнавме убава соработка со една врвна готвачка која секое јадење го претвара во магија од вкусови – Теодора Георгиевска.

Оваа извонредна мајсторка и една од највлијателните готвачки на социјалните мрежи кај нас, стои зад бројните рецепти кои ги објавува на профилот „Готвиме со Теа“ – „gotvime.so.tea“.

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Американската класика Mac&Cheese – кремасти потпечени макарони

Теа денес ни подготви сочни пилешки увијачи. „Ќе се изненадите колку се сочни и вкусни одвнатре, а поради сланината крцкави однадвор“, вели оваа врвна готвачка.

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Посни сникерс коцки – брзо се прават, уште побрзо се јадат!

Потребни состојки:

  • 1кг надкопан без коска и кожа
  • 10 парчиња кашкавал
  • 20 парчиња тенко сечена сланина
  • 1 лажица сенф
  • сол, бибер
  • мешан сув зачин
  • 1 лажица мед

Начин на подготовка:

Пилешките надкопани исчукајте ги, посолете ги и намачкајте ги со сенф од двете страни. Во средината на секој надкопан ставете парче кашкавал и замотајте ги како ролатчиња. Одозгора завиткајте ги со сланина и секој од увијачите посебно завиткајте ги со фолија. Наредете ги во тавче за печење и ставете ги да се печат во загреана рерна на 250 степени 30 минути. Потоа извадете ги од фолија, премачкајте ги со мед и вратете ги уште 10 минути во рерна за да се карамелизираат.

На здравје и уживајте!.

Слични објави

Сузана Манчиќ го продала станот во Белград за 500.000 евра: Соседите ги откриле сите детали

Еспресо

„Оживеав, не би му го посакала тоа на никого“: Емотивната исповед на Мина Костиќ за лекувањето во психијатарската установа

Еспресо

Барате квалитетна клуб маса? Искористете ги октомвриските попусти во Wood room

Еспресо

(Фото) Алекса Балашевиќ сподели глетка што ги топи срцата: Малата Вера не го пушта братчето од прегратки

Еспресо

Заборавете на миризливите свеќи — со овој едноставен трик домот ќе ви мириса на есен

К.С.

Гаги Ѓогани искрено за минатото во Земун и односите со Анабела: „Немаме повеќе енергија како некогаш“

Е.А.
Се вчитува....