11:45 - 15 ноември, 2026

(Фото) Дали Пријовиќ знае дека мора да пријави престој во Загреб! Хит реакции на мрежите поради петтиот концерт во Арена

Српската пејачката Александра Пријовиќ вчера го закажа петтиот концерт во загрепска Арена. Билетите за четирите концерти се распродадени, а за петтиот се веќе пуштени во продажба.

 


Коментарите на социјалните мрежи се крајно духовити: „Дали Александра Пријовиќ знае дека во декември треба да пријави престој во Загреб затоа што е повеќе од три дена во ЕУ?“, „Александра Пријовиќ ја закажа 5-тата арена Загреб, а јас и ти не можеме ниту датум за рандеву…“, се само некои од коментарите на социјалната мрежа Х, поранешна Твитер.

 


Да потсетиме, Александра Пријовиќ стана рекордерка по бројот на најмногу закажани концерти во Арена Загреб, а вчера остана без зборови откако доби информација дека е отворена продажба на билети и за петтата Арена.

 

– Петта Арена, петта вечер на љубов и пет пати благодарност! Горда сум и од срце благодарна за количината на љубов и поддршка што ми ја давате. Не знам што друго да ви кажам, освен дека ве сакам и едвај чекам да уживаме и да создадаме спомени кои засекогаш ќе ги чуваме и паметиме. Верувајте дека секоја вечер во Загреб ќе биде посебна – им порачала Пријовиќ на своите обожаватели преку „Екстра ФМ“.

Хрватите веќе почнаа да собираат и одземаат колку ќе заработи српската ѕвезда од пет концерти во нивниот главен град, а бројката е во милиони.

За четири до пет концерти во Арената, како што пишуваат, ќе заработи 2.780.000 евра, но од таа бројка треба да се одбие закупот на загрепската Арена, но и други трошоци, вклучувајќи опрема, бенд, костими и друго.

Слични објави

Џина Џиновиќ објави видео во едно од своите највпечатливи изданија досега

Е.А.

(Фото) Наздрави за „четвртина век“ — Јанг Дади го прослави 25. роденден и доби честитки од познатите

К.С.

Појадок што мириса на пита со јаболка — рецепт за крцкав тост со рикота и цимет

К.С.

Хороскоп за 15 ноември: Скорпии, ќе се чувствувате мотивирани за нови работи

apostolova

(Фото) Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ повторно се следат на Инстаграм

Еспресо

Саша Матиќ има мултимилионски недвижности: Поседува вила од 18 век вредна 2 милиони евра, стан во Дипломатското село и во Златибор, а има и бизнис вреден 35 милиони

Еспресо
Се вчитува....