05:43 - 13 јули, 2026

Индиски астролози предвидуваат: Три хороскопски знаци до крајот на месецот ќе ја почувствуваат моќта на кармата

Интуицијата ќе биде волшебниот збор во октомври, велат индиските астролози. Важно е да научиме што ни кажува нашето внатрешно јас.

Хороскопските знаци кои ја совладале и ја прифатиле оваа вештина овој месец ќе ги добијат небесните дарови токму затоа што се слушале себеси.

Оние кои се скептични, треба да ја научат оваа важна животна лекција, бидејќи кога не сме добри со себе и не го слушаме своето внатрешно јас, не сме добри ниту за саканите околу нас.

Близнаци

Октомври ќе ви биде тежок, па неопходно е да си верувате себеси и на вашето искуство кое може да ве извлече од секоја кризна ситуација. Потпрете се на шармот кој многу пати досега ви помогнал да се заштитите, без разлика колку е силна бурата во која се наоѓате. Многу Близнаци се емотивно напнати, чувствувате дека многу работи во вашиот живот се при крај, иако всушност тоа е само нов почеток. Учењето лекции е единственото нешто што е многу важно овој месец, ослободете се од се што ве кочи и дозволете си да напредувате на сите полиња. Кога ќе го научите и разберете тоа, пред вас ќе се отвори сосема нов свет и ќе се прашувате од што толку се плашевте.

Лав

Ова е време на проверки и рамнотежи, воспоставување рамнотежа помеѓу давање и земање. Ако чувствувате дека срцето ви е блокирано, тоа е знак дека треба да се промените. Кармички да се промените – не може да очекувате дека околу вас ќе се врти, дека саканите ќе ви го посветат целото свое време, дека се ќе биде по ваша желба и да земате без да дадете ништо за возврат. Не функционира така. Овој октомври ќе ја дознаете моќта на убавите зборови и на давањето, чувството кога помагате некому без да очекувате ништо за возврат. Верувајте, никогаш не е доцна да направите промени на подобро кои нема да го загрозат вашето достоинство и интегритет, напротив. Научете да растете во давањето и сфатете дека не е се во парите и материјалните добра, без разлика колку ви е привлечен раскошот.

Стрелец

Многу ситуации во животот ги оставате на половина нерешени едноставно затоа што ви е досадно да се ангажирате, а всушност ви е потребна голема промена. Нерешените врски, особено емотивните, имаат тенденција да се враќаат кога најмалку очекувате. Овој октомври на своја кожа ќе ја почувствувате моќта на кармата и плаќањето на кармичките долгови. Сè што некогаш непромислено им правевте на другите сега ќе го исплатите. Судбината ќе ве удира од сите страни, па нема да знаете каде е лево, а каде десно. Решението е да си ги признаете сопствените грешки и неуспеси, да побарате прошка за да имате отворен и јасен пат пред себе. Бегањето нема да ви донесе ништо добро, бидејќи каде и да одите не можете да избегате од себе. Од друга страна, исцелувањето (преку барањето прошка) може да биде клучно, па дури и неопходно за повеќе да го слушате своето срце наместо умот.

Големи промени: Три хороскопски знаци ги чека нова етапа во животот

Слични објави

Елена Велеска жедта ја гасне со коктели и шармира во црвен костим за капење

Еспресо

(Фото) Ова е луксузниот стан на Марија Шерифовиќ – се наоѓа во елитниот дел од Белград, први соседи ѝ се Новак Ѓоковиќ и Милица Тодоровиќ

Еспресо

(Фото) Ирина Дишо и Павле Камилоски на Галичка свадба: „Таа е мостот што ги поврзува минатото и иднината“

Еспресо

„Блеска, заљубена е…“: Милица Павловиќ проговори за љубовната врска на Џејла Рамовиќ

Еспресо

„Прагма“ ви ја претставува новата колекција – совршени свечени фустани за сечиј вкус

Еспресо

(Фото) Не се знае која е поубава! Српската актерка Слобода Миќаловиќ со сестрите на ноќна забава

Еспресо
Се вчитува....