9.8 C
Скопје
15:48 - 31 март, 2026

(ВИДЕО) СЕ ОГЛАСИ ЖРТВАТА НА КОЗБИ: “Тој е сексуален предатор кој е пуштен од затвор!”

Жртвата на Козби зборуваше за прв пат по неговото излегување од затвор

Откако Врховниот суд во Пенсилванија ја поништи обвинителната пресуда на Били Козби за сексуална злоупотреба во јуни, се огласи неговата жртва Андреа Констанд.

Поранешната вработена на Универзитетот Темпл во Филаделфија, беше меѓу првите жени што го обвинија Козби за сексуална злоупотреба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bill Cosby (@billcosby)


Тој е сексуален предатор кој е пуштен од затвор“, рече таа, додавајќи:

Не бев изненадена од неговото ослободување. Тој е арогантен, нема грижа на совест“.

Андреа тврди дека Козби не покажал каење за сè што направил.

За време на престојот во затвор, тој не покажа каење за сè што ми направи“, изјави Андреа во емисијата „Денес“ (“Today”).

Таа додаде дека се чувствува разочарана поради неговото ослободување од затвор и дека тоа не е во ред.

Констанд ќе го сподели своето искуство и сведоштво со јавноста во книгата „Моментот: стоење до Бил Козби, говорење за жените“ („The Moment: Standing Up to Bill Cosby, Speaking Up for Women“).

Потсетуваме, Бил Козби одлежа повеќе од две години затвор. Тој беше осуден во 2018 година под обвинение за злоупотреба на дрога и сексуална злоупотреба. Неговата казна беше поништена во јуни, откако беше пронајден договор со претходниот обвинител што спречува судење во овој случај.

Слични објави

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin
Се вчитува....