14.8 C
Скопје
09:02 - 29 март, 2024

„Смртоносно оружје 5“: По 22 години Мел Гибсон и Дани Гловер повторно на големото платно (ВИДЕО)

Култното актерско дуо Мел Гибсон и Дани Гловер го снимаат петтиот дел од големиот филмски класик „Смртоносно оружје“, 22 години по последниот дел од оваа франшиза, потврди продуцентот Ден Лин.

Уште во 2018 година имаше шпекулации за петто продолжение на филмот, но продуцентот Ден Ли сега потврди дека тоа и навистина ќе се случи, пренесуваат медиумите во Лос Анџелес.

Ден Лин за „Холивуд репортер“ изјави дека веќе се работи на последниот дел од овој филм.

Фото: Профимедиа

Се обидуваме да го снимиме последниот дел од „Смртоносно оружје“. И режисерот Ричард Донер се враќа. Оригиналната постава се враќа. Чувството е неверојатно. Таа приказна е многу лична за него. Мел Гибсон и Дени Гловер со нетрпение го очекуваат снимањето, така што останува уште само сценариото – изјави Лин.

Станува збор за низа на акциони филмови со Мел Гибсон и Дани Гловер во улогите на двајца полицајци од Лос Анџелес.

Последниот филм под наслов „Смртоносно оружје“ е снимен во 1998 година.

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....