17:21 - 31 март, 2026

Следниот агент 007 нема да биде жена: Може да биде било која боја, но ќе биде машко!

Следниот Џејмс Бонд нема да биде жена, рекол продуцентот на филмови за агентот 007 по повод шпекулациите кој би можел да го замени Даниел Крег во следното продолжение.

Крег ќе се повлече по најновиот филм за Бонд, „No Time To Die”, кој ќе биде прикажан во април.

Се појавиле гласини околу тоа кој е следниот наследник во улога на агентот 007 и дали следниот Бонд ќе биде жена, но Барбара Броколи изјавиле дека тоа дефинитивно ќе биде маж.

„Тој може да биде било која боја, но е машко”, рекла една од продуцентките на филмот заедно со Мајкл Г. Вилсон.

 

Таа рекла дека верува во создавањето на моќни женски ликови.

„Не сум посебно заинтересирана за тоа да преземам машки лик и да ја дадам улогата на жена. Мислам дека жените се многу поинтерсни од тоа”.

Серијалот за Бонд е еден од најуспешните во филмскиот свет – во 2015-та година заработил 880 милиони долари на благајните ширум светот, а во 2012-та година повеќе од милијарда долари.

Слични објави

(Предлог филм за саботна вечер) Малиот црн фустан на Одри Хепберн како посебна филозофија во „Појадокот кај Тифани“?

Еспресо

Вистинската приказна зад филмот „Грешници“ – еден од главните ликови навистина постоел, а неговиот живот и смртта и денес се мистерија

Еспресо

Официјално: Првата квир романса во центарот на „Бриџертон“ – Франческа и Михаела се главниот пар во петтата сезона

Еспресо

(Предлог филм за саботна вечер) Брижит Бардо стана симбол на сексуалната слобода со овој филм од 50-тите, кој беше забранет во неколку држави

Еспресо

Дакота Џонсон во љубовен триаголник со Педро Паскал и Крис Еванс: Дали ова е романтичниот филм на годината?

Еспресо

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova
Се вчитува....