7.8 C
Скопје
02:48 - 20 април, 2024

Оскари 2020: Нови презентери, Кијану Ривс, Пенелопе Круз и Шија Ла Баф

Во очекување на 9-ти февруари, Ноќта на Оскарите, се појавија нови имиња на листата на презентери. Најголема радост на фановите им донесе името Кијану Ривс. Ќе му прави ли друштво партнерката Александра Грант?

Кијану Ривс, Пенелопе Круз и Шија Ла Баф се меѓу презентерите на Оскарите 2020. Триото асови ќе излезат на сцената во театарот Долби во Холивуд на 9 февруари за доделување на наградите на Академијата, еден од најочекуваните настани во светот на филмската уметност и забавата.

Другите презентери

Покрај Кијану Ривс, беа објавени и Пенелопе Круз и Шија Ла Бав, Џејмс Корден, Бени Фелдстајн, Зак Готзаген, Дајан Китон, Џорџ Мекеј, Стив Мартин, Маја Рудолф и Сигурни Вивер.

Меѓу ѕвездите што веќе се најавени на шоуто на долгоочекуваните Оскари се и Зази Битц, Тимоти Каламет, Вил Ферел, Гал Гадот, Минди Калинг, Џлија Луис-Драјфус, Лин-Мануел Миранда, Ентони Рамос, Марк Руфало, Кели Мари Трен и Кристен Виг .

На бината и победниците од последното издание

На сцената ќе ги видиме и некои од победниците од минатата година, кои ќе ја претстават категоријата за најдобри актери: Реџина Кинг, Рами Малек, Оливија Колман и Махершала Али.

– Ја сакаме традицијата да ги имаме на сцена актерите што освоиле Оскар, кои ќе ги слават успесите на нивните колеги. Возбудени сме што ги најавуваме овие четири одлични актерски таленти, рекоа продуцентите Линет Хауел Тејлор и Стефани Ален.

Киану Ривс – радост за фановите

И не само поради улогата на презентер на Оскарите, или поради неговата одлична актерска  кариера, туку и поради новата партнерка, уметницата Александра Грант. На гала настанот LACMA Art + Film минатиот ноември, 55-годишниот глумец ја претстави неговата партнерка (што е прв случај). Имено, Кијану и Александра Грант (46), долгогодишна пријателка, се појавија на црвениот тепих рака под рака. Интересно е што пред оваа случка, глумецот никогаш не донесе девојка на официјален настан. Затоа веста ги преплаве медиумите, а се озборуваше и изгледот на Александра – дека изгледа многу постара од нејзината возраст, дека „не ѝ стои„ седата коса поради бледиот тен…

Којзнае дали на 9. февруари и Александра ќе биде во салата за да го гледа Кијану како презентер на најгламурозниот настан во Холивуд.

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....