03:56 - 9 ноември, 2026

Доколку често ви се јаде доцна навечер: Топ 3 закуски кои воопшто не дебелеат!

Unsplash

Вечерата помина и време е да си легнете, но цревата почнуваат да „кркорат“. Пред да „влезете“ во фрижидер и да изедете сè што не е препорачливо да се јаде доцна навечер одберете закуски кои ќе го задоволат вашиот апетит, а притоа се здрави.

Сирење и интегрални крекери

Сирењето е богато со протеини, а интегралните крекери се богати со растителни влакна, па ваквите закуски ќе ве одржат сити подолго време. Парче сирење има околу 80 калории, а пет крекери околу 110 калории, што одговара на правилото дека ноќната ужина треба да содржи максимум 200 калории.

Може да земете и парче интегрален тост со свежо кравјо сирење и малку мед или две чинии со ориз со парче сирење или пире од авокадо. Авокадото е одличен извор на омега-3 масни киселини кои даваат чувство на ситост, пишува на страната Apuwhp.com.

Unsplash
Unsplash

Пуканки

Три чаши пуканки кои не се пржат во масло се одличен избор за вечерна ужинка. Таквите пуканки содржат многу малку калории и многу растителни влакна. Ако сакате да го збогатите нивниот вкус, посипете ги со пармезан, наместо да ги подготвите во путер и масло.

Ф’стаци

Покрај тоа што се добар извор на здрави масти, протеини и растителни влакна, ф’стаците се богати и со мелатонин, хормон кој го регулира спиењето. Грст фстаци содржи 6,5 мг мелатонин, а повеќето додатоци од 5 до 5,5 г, така што ова е многу подобар начин за земање мелатонин.


Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....