02:32 - 7 ноември, 2026

Дојдете кај мене, имам подобар поглед! Мадона ги повика Меган и Хари да дојдат во нејзиниот стан, а еве што им нуди! (ВИДЕО)

Кралицата на поп музиката Мадона на својот Инстаграм профил објави видео во кое ги повикува Меган и Хари да се преселат во нејзиниот стан во Њујорк, бидејќи, како што кажа, во Канада е досадно.

Имено, Меган и Хари купија вила во западниот дел на Ванкувер и за неа искешираа 27,5 милиони долари, но поп дивата смета дека во Њујорк би им било подобро.

– Еј, не бегајте во Канада. Таму е досадно! Ќе ве пуштам да живеете во мојот стан во Њујорк, во Централ Парк Вест. Има најдобар поглед на Менхетен и неверојатен балкон, тоа ќе пресуди. Погледот е сигурно многу подобар од оној од Бекингемската палата, нема еден куп мажи со волнени капи – изјави пејачката алудирајќи на кралската стража.

Да се потсетиме, вилата која поранешниот кралски пар неодамна ја купи има четири ката, шест спални соби и пет бањи. Се простира на дури 640 квадрати и во моментот е една од главните теми во светот.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....