5.8 C
Скопје
04:56 - 20 април, 2024

Дневен хороскоп за 22.10.2019: Лавовите губат контрола врз финансиите, а Рибите ќе пронајдат љубов

ОВЕН
Се концентрирате на резултатот и упорно работите на вашата цел. На работа очекувајте доста пофалби. Во љубовта владее мир и хармонија. Внимавајте на вашето здравје, можни се проблеми со желудникот.

БИК
Денес ќе дојдете до информации кои ќе имаат бенефит на работното поле. Во љубовниот живот се двоумите за некои работи, но морате да донесете одлука набрзо. Нервозите влијаат на вашето здравје. Планинарете почесто.

БЛИЗНАЦИ
Подготвени сте да направите драстична промена во животот. Ќе започне да ви недостига некоја стара неостварена љубов. Ризикувајте! Верувајте и на вашата интуиција, таа знае што е најдобро за вас. Здравјето одлично ве служи.

РАК
Не дозволувајте нечии коментари да допрат до вашата самодоверба. Вие сте силна личност што знае што сака во животот. Можни се симпатии кон нова личност во вашиот живот. Прошетките ќе ве релаксираат.

ЛАВ
Малку губите контрола врз финансиите. Обидете се да се вратите во нормала додека не е предоцна. Вашиот партнер е тука за да ви даде поддршка, времето поминато со него ќе ве опушти. Внимавајте на главоболките!

ДЕВИЦА
Ќе пробате некои работи првпат во животот и ќе бидете изненадени. Динамиката добро влијае на вашето здравје, но внимавајте да не се преоптоварите. Љубовта е на ваша страна!

ВАГА
Напорната работа секогаш се исплати. Конечно ќе добиете пофалби за вашиот труд. Ве очекува период исполнет со успеси. Во љубовта наскоро ве очекува позитивно изненадување. Убаво ќе ви дојде некое подолго патување.

СКОРПИЈА
Се впуштивте во авантура која ви го промени животот, а сега повторно се двоумите за некои работи. Не дозволувајте една негативна ситуација да ги сруши вашите верувања и напорен труд. Љубовта ве чека, побарајте ја! Можно е да се појават проблеми со зглобовите, затоа внимавајте.

СТРЕЛЕЦ
Загрижени сте за работата. Можно е да се соочите со несогласувања на работното поле. Внимавајте како се однесувате со вашиот партнер, може да се почувствува запоставено. Олабавете се малку од обврските и здивнете. Земете слободен ден и прошетајте во природа.

ЈАРЕЦ
Напорно работите и тоа се приметува. Набрзо ќе бидете наградени за вашиот труд. Во љубовта конечно владее хармонија. Изненадете го вашиот партнер. Кратко патување добро ќе ви дојде.

ВОДОЛИЈА
Зрачите со позитивна енергија и тоа е повеќе од очигледно. Продолжете со тоа што го имате замислено, бидејќи ве води на правиот пат. Мали несогласувања се можни со партнерот, но брзо ќе се решат. Внимавајте на исхраната!

РИБИ
Исфрлете ги негативните луѓе од вашиот живот и не плашете се! Не ви се потребни нервози во овој период бидејќи тоа има огромно влијание врз вашето здравје. Нова љубов е на повидок.

Слични објави

(Фото) Ќерката на Том Круз наполни 18 години: Од него ни трага ни глас, дури ни на роденденот на Сури

еспресо

„Ги преминува границите“: Марија Шерифовиќ проговори за грижата на својот син, а поради него имала расправија со мајка си

Еспресо

Ограбена Сандра Африка! Пејачката доживеала хорор на бензинска пумпа во Словенија

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на Неда Украден: Пејачката сподели убава вест и испрати емотивни зборови до најважната личност во нејзиниот живот

Еспресо

(Фото) Мина Наумовиќ покажа колку ужива во мајчинството: Објави селфи што го одзема здивот

Еспресо

(Фото) Доживела страв и ужас: Ива Гргуриќ се огласи од Дубаи по страшните поплави

Еспресо
Се вчитува....