12.8 C
Скопје
13:25 - 18 декември, 2024

Дневен хороскоп 15 октомври 2019, вторник

Овен

Ќе ставите крај на нешто, но ќе започнете друго што ќе биде еден вид чекор напред. Пријатни моменти поврзани со домот или живеалиштето. Ќе купите нешто за домот. Очекувани, но мали, финансиски потешкотии или проблеми.

Бик

Непријатен конфликт со пријател кој може да ве вознемири или расплаче. Ова може да се однесува и на вашата љубовна врска, исто така. Некои дејствија од страна на некоја постара личност ќе ве натераат да размислите или да преземете некои непланирани одлуки и акции.

Близнаци

На работното место ќе се поајви некоја нова личност која ќе ви го загрози работното место. Гест на внимание или подарок ќе добиете од лице во знакот на Близнаци, Водолија или Вага. Партнерот ќе ве испрашува за многу нешта за кои не сакате да говорите.

Рак

Постои можност од измама од страна на роднина или пријател, што ќе биде тешко да се прифати. Решавање на финансиски или други односи со лице во знакот на Овен, Лав или Стрелец. Постои можност за сериозни разговори и средби со таква личност, која вушност многу ќе ви помогне.

Лав

Време е да почнете да го користите својот талент и да извлечете максимум од работата. Доколку работите во сферата на образованието или во некоја странска фирма, денес е можно пријатно изненадување. Ако сте невработени, ќе бидете вчудовидени од шансите кои ќе почнат да се појавуваат.

Девица

Уште во раните утрински часови ќе бидете ангажирани на повеќе страни, а тоа ќе ве исполни со стрес. Паузата искористете ја за кафе со колегите и опуштете се малку. Во рамките на семејството ќе слушнете убава вест која ќе ви донесе солзи радосници.

Вага

Оптимизмот ви е зголемен, но како да не е во склад со можностите кои ви се нудат. Денес ви претстои сериозен разговор со претпоставениот. Не дозволувајте импулсивноста да ви ги смали шансите за напредување. Во љубовта забрзано се зацврстува односот со партнерот.

Шкорпија

Давате максимум од себе и очекувате подобри времиња, но сепак, ве мачи неизвесност. Комуникацијата со колегите ви е многу воздржана и се плашите да не кажете нешто што ќе ви нанесе штета. Денес ќе се чувствувате како жртва. Веќе не можете да размислувате и да работите за двајца.

Стрелец

Доколку работите во образование или се занимавате со пишување, периодот кој е пред вас ќе биде многу плоден. Денес е можен договор кој ќе ви донесе голема финансиска сигурност. Ако сте невработени , можно е да бидете повикани на интервју каде што ќе блеснете. Искористете ја самодовербата која ја имате.

Јарец

Направете мала дистанца и не дозволувајте му на партнерот да ве искористува. Доколку сте осамени, не пропуштајте ја поканата за кафе од една личност родена во земјен знак. Наработното место ситуацијата не е најповолна, затоа стагнирајте, не правете кавги.

Водолија

Можеби ќе се нервирате и ќе се карате поради плеткањето на другите во вашиот живот, но подобро е да се смирите и убаво да размислите кого ќе го слушате, а кого ќе го игнорирате. Не им обрнувајте внимание на ситните озборувања и подметнувања на работното место.

Риби

Поволен развој на вашите активности и обврски поврзани со пари, имот и слично. Ќе им посакате добредојде на гости од странство во вашиот дом. Бидете подготвени за нови можности и поволни околности да постигнете некоја цел.

Слични објави

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо

Скандал во шоуто на Амиџиќ: Дарко Лазиќ почна да ја фали бившата, Катарина побледе од срам!

Еспресо

(Фото) Емина Јаховиќ ги покажа стомачните: Згодната пејачка е во најдобрата форма досега!

Еспресо

Хороскоп за 18 декември: Раковите ќе уживаат со семејството, Водолиите ги очекува успех

apostolova

(Фото) Адријана Лима се омажи: Mанекенката ја објави радосната вест и ги покажа бурмите

Еспресо
Се вчитува....