19.8 C
Скопје
00:45 - 9 септември, 2026

Диди Јанковиќ пие сок само од „Версаче“ чаша: „Специјална е, ја купив во Америка“

Пејачката Диди Јанковиќ, која често го привлекува вниманието на јавноста со луксузниот начин на живот и со своите изјави, овојпат отиде чекор понатаму – призна дека сок пие исклучиво од чаша на модната куќа „Версаче“.

Говорејќи за својот изглед и дневната рутина, Диди откри со што го започнува секое утро.

– Се трудам да се хранам здраво. Утрото го почнувам со чај, тоа навистина сакам да го пијам, или со свежо цеден портокал или вода – вели таа, а потоа додава:

– Имам посебна чаша што ми носи среќа. Тоа е Версаче чаша. Специјална е затоа што ја купив во Америка – истакна пејачката.

Луксузна вила во елитен дел од Белград

Инаку, Диди Јанковиќ живее во елитниот дел на Белград, на Врачар, каде што таа и нејзиниот сопруг поседуваат раскошна вила со сопствен лифт. Нејзиниот дом зрачи со луксуз, а таа откри дека поради бројните деловни обврски нема време да готви, па затоа има ангажирано готвачи и домашни помошници.

– Имам свои асистенти и тим што ми помага, и во работата и дома. Не можам сè да постигнам сама. Детето ми е број еден и најважно, како и сопругот. За нив секогаш имам време. Многу патувам – во последните неколку месеци воопшто не бев во Србија. Бев во Америка, во Париз, и работев навистина напорно – раскажа Диди.

Пејачката поседува неколку недвижности, а во една од нив дури и плочките се од брендот „Версаче“.

– Ова е само една од недвижностите што ги поседува. Има уште еден имот каде што плочките се Версаче, додека во просториите има луксузни теписи и од таванот висат кристални лустери – 120 квадрати чист луксуз.

– Насекаде е Версаче, затоа што тоа е мојот омилен бренд – заклучува таа.

Слични објави

За само 5 секунди откријте дали и колку сте под стрес

Еспресо

Надежда Билјиќ го победи ракот, нејзиниот сопруг Тома ја потврди среќната вест

E.A.

Астрологијата ви помага да го изберете идеалниот партнер – Откријте во кој хороскопски знак е вашата сродна душа

Еспресо

Шок-пресврт — Џина Џиновиќ ја напушти Мелина и тропна на вратата кај Харис

E.A.

„Сите сме тотално луди“: Лепа Брена се огласи по виралното видео на кое ѝ го грабна микрофонот на Џејла

E.A.

Кнез направи одлична атмосфера на големата прослава по повод раѓањето на внуката

E.A.
Се вчитува....