19:42 - 29 јули, 2026

(Фото) Донатела Версаче ја покажа елката: Модната дизајнерка не разочара во изборот на декорацијата

Донатела Версаче (70), легендарната италијанска модна дизајнерка и поранешна креативна директорка на модната куќа „Версаче“, оваа година ги сподели своите празнични моменти на Инстаграм.

На фотографиите Донатела позирала покрај прекрасно декорирана елка, во стил кој совршено ги комбинира елеганцијата и секојдневната удобност: тенка кафеава ролка, хеланки со леопардски дезен и чизми од антилоп со високи потпетици.

Косата ѝ била пуштена, а шминката суптилно ги истакнала очите. Покрај неа позирал и нејзиниот сакан лабрадор Кајл со црвено-бел празничен ѓердан, што дополнително го интензивирал празничниот дух на фотографијата.

 


Елката е особено впечатлива и навистина заслужува внимание. Накитена е со комбинација од златни и црвени украси, со ситни детали во сребрена боја, што создава класична и софистицирана празнична атмосфера.

Црвената боја симболизира топлина, љубов и радост, додека златните украси внесуваат чувство на луксуз и елеганција, а сребрените детали додаваат светкав свечен тон и потсетуваат на зимскиот сјај на снегот.

Украсите на елката се во различни форми – топки, ѕвончиња, фигури и ѕвезди – а секој од нив симболизира одредена желба или среќа: ѕвездите потсетуваат на надеж и водење, ѕвончињата на радост и веселба, додека топките го претставуваат заедништвото и топлината на домот.

Покрај фотографијата, Донатела упатила и трогателна порака:

„Среќни празници од Кајл и од мене! Во текот на оваа време на неизвесност и омраза, моите мисли се со децата ширум светот кои страдаат без своја вина. Оваа година ги поддржувам добротворните организации кои се грижат за децата во потреба. Ве поттикнувам сите да го направите истото, ако можете. На сите ви посакувам среќна 2026 година!“.

Порано оваа сезона, Донатела се појавила и во елегантен вечерен фустан на годишното доделување на модните награди „СФДА“, потврдувајќи дека нејзиниот стил секогаш балансира меѓу високата мода и празничниот гламур.

Слични објави

Златко Јовановски: „Сум одбил да креирам за македонски јавни личности кои барале фустан гратис“

Еспресо

(Фото) Гаги и Ѓоле Ѓогани покажаа кој е во подобра форма: Разликата меѓу нив е повеќе од една деценија, а изгледот ги воодушеви фановите

apostolova

„Долго размислувам да посвојам дете“: Индира Левак за борбата за потомство и желбата да стане мајка

Е.А.

(Видео) „Сингл животот е супер, слободна девојка“: Сања Савеска откри детали за љубовта

Еспресо

(Видео) Нема да верувате колку години наполни Бојана Лазиќ: Три торти и раскошен букет за славеничката

Еспресо

(Видео) Лепа Брена крена нога на концерт и ги „запали“ мрежите: „Она кога за малку ќе ти го скрши телефонот“

Е.А.
Се вчитува....