14:07 - 29 јули, 2026

Џибони ја поддржа Северина: Сите знаеме дека е добра мајка, дајте ѝ го малиот

Пејачката Северина Вучковиќ минува низ повеќегодишна голгота во врска со старателството над нејзиниот син Александар.

Пред неколку дена, Врховниот суд на Република Хрватска повторно ѝ го одзема поделеното старателство и целосно му го предаде на нејзиниот поранешен партнер Милан Поповиќ, кој е татко на детето.

Нејзиниот колега Златан Стипишиќ – Џибони е меѓу многуте познати личности кои ѝ дадоа поддршка.

За време на неговото гостување на Хрватската радио телевизија, во разговор со водителката Маја Цигленецки, Џибони го изјави следното:

„Знаеш што, ќе кажам нешто што не ме праша. Мала нација сме, секој знае кој што има за ручек. Нема тајни. Значи, знаеме, не е тајна, дека Северина е добра мама… Тоа сакав да кажам. Сметам дека треба ѝ го дадете малечкиот“, рече Џибони.

Неговите зборови со поддршка стигнаа и до Северина, која му се обрати со објава на својот инстаграм-профил.

„Мој Џибо, ти благодарам… Поддршката што ја добив е огромна и ќе го победи сето зло“, напиша таа.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Слични објави

Катарина Грујиќ ја каснал питон од 40 килограми додека снимала видео, снимателите почнале да бегаат, таа врескала

Еспресо

Моќен бизнисмен го освои срцето на Бресквица – новиот партнер е најпосакуваниот ерген во Белград!

Еспресо

(Фото) Ана Николиќ објави фотографии од свадбата со Раста: „Помина сè и што остана?“

Еспресо

„Се смеевме, а потоа настана молк“ — Емина Јаховиќ за периодот кој за малку целосно ќе ја скршеше

Е.А.

Оливера Катарина беше погребана во Алејата на заслужните граѓани во Белград

Е.А.

Хороскоп за 29 јули: Овните нема да најдат сигурност во љубовта, Рибите ќе потпишуваат важен договор

Еспресо
Се вчитува....