27.2 C
Скопје
11:04 - 10 јули, 2026

Џеј Ло била бездомник и купувала по парче пица на ден, денес живее во свила и кадифе, а минатото никогаш не го заборави (ФОТО)

Популарната убавица не е родена во богато семејство, а немаштијата ја направила посилна и никогаш не се откажувала од своите идеи и планови.

EPA/ANDREW GOMBERT00000402162957

Преубавата Џенифер Лопез денес има милиони, Оскари и слава за која некогаш сонувала.

Родена е во 1969 година во Бронкс, предградие на Њујорк, нејзините родители се Порториканци, а својата приврзаност кон мајка си секогаш јавно ја нагласувала.

Profimedia

Детството го поминала во мал стан и во не баш завидна финансиска ситуација.

Кога завршила средно училиште се нашла на голема раскрсница и пред голема одлука. Нејзината мајка сакала да се запише на колеџ, додека Џенифер имала сосема друг план.

EPA/JUSTIN LANE

„Не сакав понатаму да продолжам со школувањето, сакав да танцувам и тоа е сè“.

Кога на родителите им соопштила дека сака да стане актерка и танчерка, од нив не добила поддршка каква што очекувала.

EPA-EFE/JUSTIN LANE

Во тие моменти со мајка ѝ не била во најдобри односи, но денес вели дека ѝ е многу благодарна за сè.

„Мислев дека ќе покаже сочувство. Наместо тоа, ми рече „Немој никогаш веќе да ми се јавуваш кога плачеш. Сакаше да бидеш во оваа работа, тогаш подобро е да станеш посилна. И станав посилна.“, се присетува пејачката.

EPA-EFE/NINA PROMMER

„Се случи да ме чини одлуката да го одберам својот сон. Едно време живеев речиси како бездомник. Спиев на троседот во студиото за танц, но трудот вредеше“.

EPA/NINA PROMMER

Кога наполнила 21 година се преселила во Лос Анџелес за да си ги исполни соништата. Живеела со неколку цимери во еден стан, не баш во добри услови, но вели дека за тој период ја врзуваат најубавите спомени.

EPA/MIKE NELSON

„Се сеќавам дека имав толку пари колку да си купам само парче пица на ден“.

EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Поминале неколку години додека не ја добила првата поголема работа, а по неа, улогите се нижеле и Џенифер успеа да си го исполни својот најголем сон.

EPA/MIKE NELSON

Слични објави

Ева Јовановска откри дали се скарале со Миро и зошто престанала да биде дел од „Голден карпет“

apostolova

„Господинот совршен“ по раскинувањето со Маја Шупут рака за рака со згодна русокосата, откри што се случило

Еспресо

(Видео) Скандалозен настап на Десингерица – им ја бричеше косата на обожавателите во Хрватска

Еспресо

(Фото) Прво летување како брачен пар — Анета Љумаковска и Рубин уживаат во Парга

apostolova

Хороскоп за 10 јули: Лавовите ќе имаат проблеми во љубовта, Рибите ќе се занимаваат со финансиски теми

Еспресо

Зад вечниот хит на Бони Тајлер се крие приказна за моментот кога поради емоционална болка исчезнува светлината од срцето

Т.Ц.
Се вчитува....