30.8 C
Скопје
12:57 - 9 септември, 2026

Ролат со вишни и пудинг од ванила

Состојки:

500 грама кори за баклава
1 литар млеко
200 грама шеќер
3 пудинзи од ванила
100 милилитри масло за јадење
200 грама гриз
200 милилитри јогурт
1 ванилин шеќер
1 прашок за печиво
3 јајца
300 грама исчистени вишни

Подготовка:

Во поголемо тенџере ставете 700 милилитри млеко и во него додајте седум лажици шеќер. Во останатите 300 милилитри млеко, изматете го пудингот од ќесичките. Изматениот пудинг ставете го во тенџерето кај останатото млеко. Сварете го пудингот и тргнете го настрана. Во веќе сварениот пудинг, додајте го путерот и мешајте сѐ додека состојките не се соединат. Потоа, оставете го пудингот да се излади.

Додека чекате пудингот да ја постигне посакуваната температура, почнете со подготовката на преливот за кори.

Со жица изматете ги јајцата и шеќерот. Откако ќе се стопи шеќерот, во нив додајте го маслото за јадење, јогуртот, гризот, ванилиниот шеќер и прашокот за печиво. Продолжете да мешате додека смесата не стане компактна.

Потоа, земете една кора и врз неа ставете малку од преливот. Оваа постапка повторете ја додека не ставите четири кори една врз друга. Потоа, во средишниот дел, ставете неколку вишни и неколку лажички од подготвениот пудинг.

Замотајте ролат.

Оваа постапка повторувајте ја додека не ги потрошите сите кори, вишните и пудингот.

Ролатите ставете ги во претходно подмачкана тава за печење и печете ги во претходно загреана рерна на температура од 180 степени околу 30 минути.

Слични објави

Рецепт за превкусни модри патлиџани со моцарела

Т.Ц.

Необичен но вкусен рецепт: Печени тиквички со леб

Т.Ц.

5 совети кои треба да ги имате на ум кога купувате домати

Т.Ц.

Полнет модар патлиџан на турски начин

Т.Ц.

Манастирот „Св. Никита“: Седум века историја, прочуени зографи и камен за кој се верува дека исполнува желби

Т.Ц.

Заветот на овчарот – зошто секоја година се дава ручек во Скребатинскиот манастир на празникот Голема Богородица

Еспресо
Се вчитува....