7.8 C
Скопје
10:58 - 1 април, 2026

Џастин Бибер ја продава луксузната вила: Вратите се отвараат со отисок од прст, а еве како изгледа внатре (ФОТО)

Куќата на Џастин Бибер (25) од неодамна се продава и тоа за 4.490.700 евра. Позната е како „Helsby Hills“, а се наоѓа во село во близина на градот Честер во Англија.

На тој луксузен имот Џастин е од 2016 година, односно кога за време на својата турнеја настапуваше во Манчестер. Дворното место е распострано на два хектари, а има и сопствен хелиодром.

Фото: Профимедиа.рс

Вилата е прво наменета како „засолниште“ во кое Бибер ќе го пронајде својот мир и каде би можел безгрижно да работи на своите нови песни.

Куќата е во модерен дизајн, со големи прозорци, а има поглед кон преубавиот двор. Има пет купатила, пет соби и опремена е со најсовремена технологија.

Фото: Профимедиа.рс

Вратите немаат клуч, туку се отвараат на отисок од прст. Има и сауна, џакузи од каде може да се гледа телевизија, теретана и приватна дневна соба.

Фото: Профимедиа.рс

Базенот, сауната и соблекувалната се наоѓаат спроти спортската сала за да не може Џастин да се измори шетајќи по огромната вила.

Надбор има фудбалски терен, куќичка на дрва, соба за билјард, меѓутоа со оглед на тоа дека сите дознаа каде живее тој, куќата е ставена на продажба.

 

Слични објави

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо
Се вчитува....