21:42 - 6 ноември, 2026

Фудбалерот на Јунајтед поради смртта на сопругата се расплака пред камерите, а сега повторно ќе застане на лудиот камен

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд, викендов ќе се венча со 27-годишната Кејт Рајт. Според пишувањето на британските медиуми, церемонијата би требало да се одржи во луксузен хотел во Турција, во кој идните младенци веќе стигнале заедно со останатите гости.

Фердинанд и неговата вереница сакаат својот најсреќен ден да го скријат од очите на јавноста, па така сите гости требало да почитуваат одредени правила.

„Нивните семејства и пријатели се веќе таму и одземени им се мобилните за да не можат ништо да фотографираат“, рекол извор за Сан.

Парот е во врска две години.

Познато е дека животот на Фердинанд го обележи голема трагедија. Пред четири години од рак на градите почина неговата сопруга Ребека Елисон (35). Нејзината смрт го скршила, па тој барал спас во алкохолот.

„На почетокот многу пиев навечер. Имаме куќна помошничка која живее со нас и кога таа ќе си легнеше, среде ноќ одев да пијам. Пиев многу првите три или четири месеци. Но станував рано за децата да ги однесам во училиште“, раскажал Фердинанд.

Како што вели, токму децата Лорент, Тејт и Тиа му биле главна мотивација за да продолжи со животот.

View this post on Instagram

Workout done ✅❤️

A post shared by Kate Ferdinand (@xkateferdinand) on

Слични објави

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо

(Видео) Николија првпат проговори за тајната венчавка со Реља: Весна Змијанац не присуствувала на прославата

Еспресо
Се вчитува....