10.8 C
Скопје
06:30 - 25 април, 2024

АВТОРСКИ ХОРОСКОП ЗА ОКТОМВРИ: Овните да се погрижат за нервите, лавовите имаат можност за нов бизнис

ОВЕН

Елемент – оган;
Планета – Марс;
Ден – вторник;
Боја – црвена;
Камен – дијамант, топаз;
Среќни броеви – 5, 9;
Судбинска мисија – да раководи и да е секогаш на врвот;
Критичен период од 12 до 14 октомври.

Во текот на овој месец, повеќето од вас ќе можат да се усогласат за одредени односи со најблиските, а некои ќе можат да ги поправат односите со партнерот. Грижете се за вашиот нервен систем и за психата, затоа што може да имате проблеми. Меркур е ретрограден и внимавајте да не потпишувате деловни договори на 31 октомври. Овој месец обрнете повеќе внимание на вашиот дигестивен систем, на вашата диета и општо на вашето здравје.

БИК

Елемент – земја;
Планета – Венера;
Ден – петок;
Боја – жолта, црвена;
Камен – смарагд;
Среќни броеви – 6;
Судбинска мисија – да им ја пренесе на луѓето умешноста да му се радуваат на животот;
Критичен период од 14 до 17 октомври.

Овој месец имате можност да започнете нов бизнис и да ја изразите својата интелигенција. Некои Бикови ќе имаат романтична средба која ќе им го смени животот. Ве советувам да избегнувате конфликти со партнерите во бизнисот и во љубовта во периодот околу 31 октомври. Можеби чувствувате дека животот се свртел против вас, но тоа е резултат на ретрограднниот Меркур. Овој месец Марс во Вага ви дава можност да започнете нова диета и да ги промените вашите навики. Внимавајте на повреди, воспаленија и проблеми со крвта.

БЛИЗНАЦИ

Елемент – воздух;
Планета – Венера;
Ден – петок;
Боја – зелена;
Камен – опал;
Среќни броеви – 6, 24;
Судбинска мисија – да го откријат своето вистинско место во животот.
Критичен период од 17 до 19 октомври.

Во текот на овој месец, повеќето од вас ќе можат да се усогласат за одредени односи со најблиските, а некои ќе можат да ги поправат односите со партнерот. Грижете се за вашиот нервен систем и за психата, затоа што може да имате проблеми. Меркур е ретрограден и внимавајте да не потпишувате деловни договори на 31 октомври. Овој месец обрнете повеќе внимание на вашиот дигестивен систем, на вашата диета и општо на вашето здравје.

РАК

Елемент – вода;
Планета – Месечина;
Ден – понеделник;
Боја – портокалова и жолта;
Камен – бисер;
Среќни броеви – 1, 2, 7, 18;
Судбинска мисија – да се научи да ги прифаќа луѓето такви какви што се;
Критичен период од 19 до 21 октомври.

Овој месец нема да можете да го скриете вашиот карактер, како личност која не сака да се придржува кон никого, како и вашата неподготвеност да се промени во вашиот живот. Но, интересно за вас е што ако пробате да комуницирате со некого, тогаш тоа го правите со леснотија и секогаш знаете како да успеете да се одбраните, но ако нешто ве вознемирува, веднаш се криете во школка и ја заземате позицијата „жртва“ во животот! Како и да е, внимавајте затоа што ќе можете да испровоцирате некои нови расправии и за да победите нови непријатели. Бидете внимателни со исхраната и вашата диета.

ЛАВ
Елемент – оган;
Планета – Сонце;
Ден – недела;
Боја – златна и жолта;
Камен – тигрово око, килибар;
Среќни броеви – 1, 10, 19, 28;
Судбинска мисија – да постигнете слава, да бидете лидер и водач, да обезбедувате заштита;
Критичен период од 21 до 23 октомври.

Овој месец имате можност да започнете нов бизнис проект. Ќе имате моќ да надминете многу пречки и смело да продолжите кон целта. Време е целосно да го промените вашиот став кон светот околу вас. Почитувајте ја својата работа затоа што во наредните два месеци ќе уживате во вашиот финансиски успех. Време е да ги испланирате вашите заложби и да ги преземете првите чекори кон нивно реализирање. Ќе имате можност да ги поправите старите и запоставени односи со луѓе со кои работевте пред години. Можеби ќе добиете нови сознанија кои ќе ви помогнат во кариерата. Сега е време да го активирате вашето учество на социјалните мрежи. Периодот од 4 октомври до 19 ноември е одлично време за нови проекти и нови партнери.

ДЕВИЦА
Елемент – земја;
Планета – Меркур;
Ден – среда;
Боја – кафена;
Камен – ахат;
Среќни броеви – 3, 5;
Судбинска мисија – да верува во себе, да биде перфекционист;
Критичен период од 23 до 25 октомври.

Мора да бидете многу внимателни во врска со промените што ви доаѓаат. Месецов не правете големи инвестиции. Имате можност за успешни службени патувања во странство. Овој месец може да се сретнете со љубовта кон животот, а луѓето кои долго време го одлагаа стапувањето во брак, сега можат да се се охрабрат и да го направат следниот чекор. Можно е да имате проблеми со наследството и со туѓите пари.

ВАГА
Елемент – воздух;
Планета – Венера;
Ден – петок;
Боја – зелена;
Камен – опал;
Среќни броеви – 6, 24;
Судбинска мисија – да го откријат своето вистинско место во животот.
Да им даваат топлина и радост на луѓето;
Критичен период од 25 до 27 октомври.

Во текот на октомври ќе ги стабилизирате деловните и личните односи со вашите најблиски. Во текот на овој месец добивате можност за професионален напредок и за нова позиција. Ве чека финансиска стабилизација и неочекувани високи приходи. Втората половина на октомври ви дава можност да го регистрирате вашиот бизнис. На 31 октомври, Меркур влегува во својата ретрограда во вашиот дом за пари, затоа внимавајте и не трошете премногу.

СКОРПИЈА

Елемент – вода;
Планета – Марс и Плутон;
Ден – вторник;
Боја – индиго;
Камен – опал;
Среќни броеви – 5, 13,
Судбинска мисија – да дарува сила и храброст, да биде силен и упорен, да се соочува со опасности и да не се плаши од нив
Критичен период од 1- 2 октомври и 27-29 октомври.

Овој месец ќе уживате во стабилноста затоа што ќе успеете да надминете многу пречки. Уживате во добри резултати и добри приходи. Ве советувам добро да ги анализирате вашите шанси пред да инвестирате во вашата деловна активност. Прифатете ги со голема благодарност подароците од судбината. Чувајте ги блиските безбедни од сериозни скандали. Некои Скорпии ќе одлучат дали ќе го прекинат бракот, кои ја одложуваа оваа одлука долго време. Грижете се за вашето здравје овој месец и внимавајте на несреќи.

СТРЕЛЕЦ
Елемент – оган;
Планета – Јупитер;
Ден – четврток;
Боја – сина;
Камен – тиркиз, рубин;
Среќни броеви – 7;
Судбинска мисија – да ја враќате вербата кај луѓето.
Критичен период од 2 до 4 октомври и од 29 до 31 октомври.

Месецов ќе бидете исполнети со голем оптимизам. Срдечни, исполнети со живот, среќни – тоа сте вие. Некои од вас ќе започнат нов бизнис. Внимавајте ако преземете акција како ќе се справите со законите. Ќе ја докажете во пракса филозофијата дека мора да има хармонија и среќа во семејството за двајцата партнери да се унапредуваат на професионален начин. Внимавајте на подмолните активности на некои луѓе околу вас. Дајте си повеќе одмор и размислете за здравјето. Внимавајте на ретроградниот Меркур од 31 октомври, тој е во вашиот дом на претходните животи. Пазете се од враќањето на старите зависности! До 4 октомври, внимавајте на повредите, воспаленијата и стресот. Марс транзитира во вашиот дом на кариера. Ќе бидете во можност да се етаблирате и да заземете лидерска позиција. Октомври е одлично време за нови проекти и нови настапи на работното место.

ЈАРЕЦ
Елемент – земја;
Планета – Сатурн;
Ден – сабота;
Боја – кафена, индиго;
Камен – корал, гранит;
Среќни броеви – 4, 8, 9
Судбинска мисија – научете се да не живеете во својот замислен свет.
Критичен период од 4 до 7 октомври.

Месецов ќе ја достигнете посакуваната материјална стабилност. Длабоко во себе го носите стравот од неизвесноста во животот која ве демне. Ви препорачувам да медитирате и да ги смените негативните мисли зашто тоа ќе ви се одрази негативно и на здравјето. Месецов обидете се да си ги стабилизирате семејните односи. Релаксирајте се. Ве очекуваат романтични моменти и нови познанства, дозволете да се случат.

ВОДОЛИЈА

Елемент – воздух;
Планета – Уран;
Ден – сабота;
Боја – темно сина;
Камен – аметист, сафир;
Среќни броеви – 4, 8, 9, 10, 11
Судбинска мисија – прават чуда, да направат од невозможното возможно.
Да ги учат луѓето на човекољубие;
Критичен период од 7 до 9 октомври.

Ве очекува скок кон професионалниот врв. Обрнете внимание на вашето спокојство, ви се насобира многу стрес за да ги постигнете целите. Ќе стекнете нови пријатели како и респект од вашите колеги и началници, но тоа ќе ве истошти уште повеќе. Ќе се чувствувате осамени и изморени на патот што сте си го зацртале затоа што сте поразлични од другите.

РИБИ

Елемент – вода;
Планета – Нептун;
Ден – четврток;
Боја – виолетова, црна;
Камен – тиркиз, аметист;
Среќни броеви – 3, 10, 11;
Судбинска мисија – да им служат на луѓето;
Критични периоди од 9 до 12 октомври.

Месецов ќе имате предлози за работа и нови задачи за исполнување, а вашите приходи ќе бидат многу добри. Припадниците на знакот кои во октомври ќе започнат нови проекти и ќе треба да работат со нови луѓе треба добро да ги проценат. Поради преголемиот број обврски што сте ги преземале ќе почувствувате недостаток на енергија. Меркур е ретрограден во вашиот дом на патувањето па затоа треба да бидете многу внимателни ако ви претстои патување. Држете се настрана од луѓето кои ви ја исцрпуваат енергијата.

Пишува: Проф. Д-р Звездна Георгиева

 

Слични објави

(Фото) Никола Роквиќ запеа со уличен музичар: „Патот е секогаш посреќен со песна!“

еспресо

Вртоглав успех: Два хороскопски знаци ќе направат пробив во кариерата на крајот на месецот

еспресо

Нина Бадриќ си ја отвори душата: Платив висока цена, психопати пробаа да ме малтретираат

Еспресо

Исчезна од сцената поради неизлечлива болест: Селин Дион искрено проговори за тешката борба

Еспресо

„Татко ти те научи да бидеш добар човек“: Српски свештеник го угости пејачот Никола Роквиќ

Еспресо

(Фото) „Доста ми е веќе, ќе полудам“: Се огласи Џина Џиновиќ од велелепната вила, покажа што ја мачи

Еспресо
Се вчитува....