7.8 C
Скопје
02:29 - 30 март, 2026

Адријана Лима во фустан кој е прогласен за најголемо модно промашување во 2019 година! (ФОТО)

Можела да избере било каков друг фустан на светот, било кој дизајнер и било каков стилист, но таа избра – катастрофа, велат скоро сите критичари.

Profimedia

Поранешниот модел на Викторија Сикрет, пред некој ден се појави на доделба на наградата Breakthrough Prize, позната како Оскари за наука. Станува збор за награди кои се доделуваат на научниците кои најмногу допринеле на светската наука во полето на математика, фундаментална физика и природни науки.

Церемонијата за доделбата беше одржана во Калифорнија и на неа присуствуваа бројни познати личности како Карла Клос, Тајра Бенкс, Лени Кравиц, Дру Баримор и Адријана Лима.

Profimedia

Како и секогаш најмногу внимание привлече Адријана Лима, но модните критичари овој пат не беа воодушевени од нејзиниот изглед.

Славната манекенка се појави во асиметричен фустан без еден ракав, кој открива едно рамо, дел од струкот, а благодарение на длабокиот шлиц и цела нога. Интересен избор, но судејќи по тоа што може да се прочита на модните портали, поранешната сопруга на српскиот кошаркар Марко Јариќ, закаснила неколку сезони и се смета за најголемо модно промашување на 2019 година.

Profimedia

Станува збор за модел украсен со светки, парче кое виси на средина од шлицот, а тука е и необичното порабување на пресекот во пределот на струкот.

Лима овој фустан го искомбинира со сандали во црна боја и ефективни висечки обетки, а се одлучи и за впечатлив мејкап, каде доминира перфектно исцртаниот ајлајнер.

Слични објави

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо

Едита откри каде ќе се породи! Во шестиот месец е од бременоста, проговори и за породувањето и семејството

Еспресо

Ким Новак не сака Сидни Свини да ја глуми во новиот филм: „Таа е погрешен избор поради горниот дел од телото“

Еспресо
Се вчитува....